ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Случаите со Рашковски и уапсениот шеф на полиција се добро оценети во Брисел

April 29, 2021 21:11
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека чекаме нова влада во Софија и повторно седнување на маса за преговори, не смееме да дозволиме нешто ново да се појави. Тука, мислам на 111-тото место на Транспарентност, кое е влошување од минатата година, изјави претседателот Стево Пендаровски во гостувањето на телевизија Канал 5, нагласувајќи дека во таа насока, во Брисел многу добро биле оценети случаите со Рашковски и уапсениот шеф на полиција при заплената на дрога.

Во однос на транспарентноста, посочи Пендаровски, имало и доста реакции за време на неговата посета на Брисел.

– Таму морам да кажам, ова со Рашковски, во оваа фаза, е прилично добро примено, бидејќи стануваше збор за човек, кој до вчера беше генерален секретар на Влада. Посебно втората мерка од домашен во ефективен притвор, за да некој не помисли ниту тука, ниту во Брисел, дека има некакво политичко влијание. Тоа покажува дека политиката ги трга прстите од правосудството, изјави Пендаровски.

Како позитивен пример, како што истакна, била посочена и последната полициска акција со заплена на дрога, каде регионален шеф на полицијата е под обвинение.

– Прилично добро е оценето, тоа што регионален шеф на полицијата во Прилеп, кој бил дел од тој конвој, сега е под обвинение. Значи, шеф на полиција, за кој се претпоставува дека не е отворен непријател на власта, сега е под истрага. Тоа, покажува дека во виталните сегменти на општеството, оваа Влада не се однесува, така како владата на Груевски, изјави Пендаровски.

извор: МИА
Next Post

Бучковски: Реално во овој момент не можеме да направиме многу, немаме легитимен соговорник од другата страна

Најново

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

Во Хрватска ќе се гради дата центар за вештачка интелигенција вреден 50 милијарди евра

April 28, 2026

Тошковски: Протоколот за лица без државјанство е значаен чекор кон системско и навремено решавање на овие случаи

April 28, 2026

(ВИДЕО) Филипче: Вајц го демантира Мицкоски – Владата нема напредок во реформите и свесно го блокира европскиот пат

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk