ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Филипче: Граѓаните да се пријават на vakcinacija.mk, тоа е најсоодветниот и најбрз начин

April 30, 2021 12:35
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните треба да се пријават на сајтот vakcinacija.mk и оттука се генерираат приоритетите. Ќе добијат или СМС порака или меил или двете во форма на известување и согласно тоа ќе бидат закажани во соодветен пункт во соодветно време, изјави министерот за здравство Венко Филипче, откако денеска пристигнаа  200.000 вакцини „Синофарм“ со кои од по празниците треба да стартува масовна имунизација.

Тој апелира граѓаните да се пријават на  vakcinacija.mk, истакнувајќи дека тоа е најсоодветниот и најбрз начин за пријавување. Сега, како што рече, има поголема количина на вакцини и повеќе пунктови на располагање, а дневно ќе се вакцинираат од 10 илјади до 15 илјади лица. 

За месецов најави уште 600.000 вакцини од Кина, односно околу 500.000 дози „Синовак“ и 100.000 дополнителни дози „Синофарм“, како и 26 000 дози од „Фајзер“. Се уште нема точен термин за тоа кога и колкава количина ќе стигнат од руските вакцини, а станува се понеизвесно пристигнувањето на вакцините на „АстраЗенека“ имајќи ја предвид состојбата со вирусот во Индија.

Доколку не стасаат вакцините на „Астра Зенека“ до термините за ревакцинација на нашите државјани кои со оваа вакцина се вакцинираа во Србија, со српските здравстевни власти е разговарано и тие вакцини од Србија  да ги донесат кај нас и тука да се спроведе ревакцинацијата.

-Зборуваме за граѓаните над 60 години кои треба да се ревакцинираат после 12 недели од првата доза. За останатите возрасни групи граѓани ги следиме препораките на некои од европските земји. Германија на пример препорачува ревакцинација со друга вакцина, нашите стручни лица од Националниот комитет ги следат препораките и ќе излеземе и ние со соодветни препораки, изјави Филипче. 

Вакцините „Синофарм“  најдоцна  во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови за масовна вакцинација ширум државата, во Скопје во салата „Борис Трајковски“, како и во Куманово, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, исто така во спортските сали, според распоредот на веќе пријавени граѓани. Пунктови во спортски сали ќе се отворат и во Велес и Прилеп.

Во градовите кај што има спортска сала како пункт за масовна вакцинација следната недела ќе работи и салата и пунктот во здравствениот дом согласно распоредот којшто е веќе даден за постарите граѓани.

-Следната недела во градовите кај што има и сала и пункт во здравствен дом ќе функционираат двата пункта Ќе видиме како тој систем ќе се одвива и доколку видиме дека може да се сконцентрира се на едно место тогаш ќе останат да функционираат само спортските сали, односно пунктовите за масовна вакцинација. Сите граѓани од целиот тој регион околу тие пунктови ќе може да дојдат,  така ќе бидат и закажувани. И за Велес и за Прилеп во втората половина на мај ќе се отворат пунктови во спортски сали.

Next Post

Богдановиќ подели топли оброци и пакети на социјално ранливите семејства од Маџир Маало и Крњево

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk