ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home

Заев: Околу 50 милиони евра се тековните инвестиции на Владата во регионот на Прилеп

Во својата изјава, премиерот Заев потенцираше дека заложбите на Владата се да има што повеќе инвестиции во овој дел од државата, за што доволно зборува фактот дека висината на средствата за проектите кои во моментов се во фаза на реализација во Пелагонискиот регион, со посебен фокус на Прилеп, изнесуваат околу 50 милиони евра

December 7, 2019 16:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Зоран Заев во придружба на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Александар Младеновски, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, како и претседателот на општинскиот Совет Миле Талевски и пратениците Кети Смилеска и Хари Локвенец, денеска извршија увид во градежните работи на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“.

Во својата изјава, премиерот Заев потенцираше дека заложбите на Владата се да има што повеќе инвестиции во овој дел од државата, за што доволно зборува фактот дека висината на средствата за проектите кои во моментов се во фаза на реализација во Пелагонискиот регион, со посебен фокус на Прилеп, изнесуваат околу 50 милиони евра.

Изградбата на патишта околу Прилеп, истакна премиерот Заев, заедно со гасификацијата, се огромни и сериозни капитални проекти кои на граѓаните од регионот ќе им служат за навек .

„ИКТ Центарот е навистина трајна придобивка, не само за нашата земја, туку и за целиот регион, а е сместен токму во овде, во Прилеп. Паралелно со привлекувањето странски инвестиции, државата работи на изградба на инфраструктурата во сите региони. Изградбата на клучката на две нивоа, за поврзување на ТИРЗ ‘Прилеп’ со патната делница Прилеп-Битола е во финална фаза. Оваа клучка е од големо значење за пристапот до зоната, како и за ефикасен превоз на производите што се произведуваат во самите фабрики. Наша цел е да обезбедиме светски инфраструктурни стандарди во индустриските зони, за инвеститорите кои одлучиле да инвестираат во нашата земја. Со пуштањето во функција на водоводот и клучката за поврзување на ТИРЗ Прилеп, зоната станува функционална од аспект на големите инфраструктурни зафати“, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев.

Премиерот рече дека ова комплексно сообраќајно решение е од особено значење за безбедноста на сите учесници во сообраќајот на магистралниот пат Прилеп-Битола. За следната година, претседателот на Владата ги најави почетокот на работите на секундарната гасоводна инфраструктура, со која гасот ќе стигне до ТИРЗ „Прилеп“, со што таа ќе стане уште поатрактивна за нови инвестиции.

„Сакам да истакнам дека се во тек преговори со голем број на компании кои се заинтересирани за инвестирање во Република Северна Македонија. Проценетата вредност на инвестициите, а кои се со прилична извезност, за кои преговараме со компаниите се поголеми од 2 милијарди евра. Дел од тие компании ја разгледуваат можноста за инвестирање во ТИРЗ ‘Прилеп’. Покрај создавањето на директни вработувања, компаниите во зоната го стимулираат локалниот економски развој во поширока смисла. Она што можам да го кажам, е дека заклучно со третиот квартал и вчера објавениот податок, проектираниот раст од 3,5% за 2019 година е надминат“, нагласи премиерот Заев.

 

1 of 7
- +

1.

2.

3.

4.

5.

6.

7.

 

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е завршена, од утре увид на одбраната во доказите

May 30, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Регионална конференција за медиуми во Сараево: Новинарството и вештачката интелигенција

May 29, 2025

„Њујорк тајмс“ постигна договор со „Амазон“ за обука на вештачка интелигенција

May 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • На која нација ѝ припаѓале Св. Кирил и Методиј и кој јазик го говореле?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Аце Циганот“ по 27 години бегство се враќа во Шутка, му се отвара ли патот и на Груевски за да слета во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Ѓубре исфрлено пред Град Скопје, Арсовска до Ганиу – никој не ти се плаши сè ќе објавиме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до ЈО: Имаме информација дека за фалсификатите и дивоградбите во Општина Чаир активно се уништуваат докази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две фирми за фустани треба да опремат со униформи специјални единици на МВР

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk