ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коциќ: Со блокадата на Законот за Клинички центар ВМРО-ДПМНЕ работи против граѓаните и јавното здравје

May 5, 2021 13:50
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Пред еден месец, по средбата на претседателот Зоран Заев со Христијан Мицкоски беше договорено пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието да се откажат од блокади на важни закони за граѓаните. Меѓу нив е и Законот со кој македонското здравство за прв пат по 80 години ќе добие нов, модерен Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги. Но и по еден месец се уште траат блокадите од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледно е дека ова е уште една во низата лаги на Христијан Мицкоски.“, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од СДСМ Ненад Коциќ.

Тој нагласи – Да се кочи реализација на најкапиталниот проект во македонското здравство значи да се работи директно на штета на граѓаните и државата и тоа во време кога се уште се опоравуваме од последиците од пандемијата на коронавирусот. Не постои друга причина за вакво деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ насочено против јавното здравство.

„Она што Мицкоски го нарекува „Непостоечки проект“ всушност е тоа што Физибилити студијата направена заедно со помош на австриската влада која е договорена на ниво на Влади на Република Северна Македонија и Австрија, во форма на стручна бесплатна помош за развој и унапредување на здравствениот систем во нашата држава.

Таа Физибилити студија е одобрена од Националната Агенција на Австрија.

11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар а од него видовме само лимени тараби во комплексот клиники.

ВМРО ДПМНЕ договор за изградба на нов Клинички потпиша со компанија која по неколку месеци, отиде во стечај!

За разлика од нив, Владата предводена од СДСМ ќе изгради нов Клинички центар современ и модерен проект како што заслужуваат нашите граѓани и нашето здравство.

Најреномирани европски компании германската „Вамед“ и француската „Буиг констракшн“, ќе бидат вклучени во изградбата на истиот и затоа ВМРО-ДПМНЕ мора да престане да ја манипулира јавноста, да измислува провизии, непостоечки проекти и да лаже постојано.

Законот за изградба на новиот Клинички,предвидува независен меѓународен финансиски ревизор односно со тој закон да се дозволи двете компании „Вамед“ и „Буиг констракшн“ да дадат една понуда за изградба на Клинички.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ знаат дека имаат отворена понуда опозицијата да го води целиот проект, но немаат доблест да гласаат за законот, очигледно спасот на лидерот Мицкоски им е поважен од здравјето на граѓаните.

Ете затоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во континуитет се поразувани, затоа што личните и партиски интереси им се поважни од здравјето на граѓаните и од интересите на државата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се на спротивната страна од интересите на граѓаните, затоа ги чекаат нови порази и овде во Собранието и на изборните соочувања пред граѓаните.“, рече Коциќ на денешната прес-конференција

Next Post

Изјави на вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа по посетата на „Хидросистем Злетовица“ (во живо)

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk