ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Во законскиот рок 90 проценти од правните лица го пријавиле вистинскиот сопственик, Регистарот ќе помогне во спроведување на Законот за потекло на имот

May 5, 2021 14:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на законскиот рок, во кој постоечките правни лица имаа обврска во Регистарот на вистински сопственици да го пријават својот вистински сопственик, својата обврска навремено ја завршиле  69.284 субјекти, односно близу 90 проценти од субјектите кои се обврзани да поднесуваат пријави.

Ова денеска на прес-конференција го соопшти вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски. Тој рече дека минатата недела заврши законскиот рок од три месеци во кој требаше правните лица да го пријават физичкото лице кое директно или индиректно остварува управувачка или контролна улога во еден правeн субјект.

-Зголемувањето на транспарентноста како суштински процес на демократските општества е базичен стремеж на оваа Влада и токму затоа податоците од Регистарот на вистински сопственици, од 28 април, се веќе јавно достапни преку системите за издавање информации од Централниот регистар, истакна Николовски и додаде дека сега секој може на едноставен начин, да добие информација за тоа кои се вистинските сопственици на некој правен субјект, но и да провери дали и каде сѐ, некое конкретно лице се јавува како вистински сопственик.

Вицепремиерот нагласи дека во следниот период институциите треба да вршат контрола на точноста и ажурноста на овие  податоци, а постоечките правни лица ќе треба континуирано да ја пријавуваат секоја промена во сопственичката структура во рок од осум дена од нејзиното настанување.

Овој Регистар, според Николовски, ќе биде и од помош за спроведувањето на Законот за потекло на имот, за кој веќе е подготвена физибилити студијата и формираната Работна група која работи на подготовка на новото законско решение.

– Со Државната комисија за спречување на корупција констатиравме дека може да води постапки само за актуелните функционери и не често се можните злоупотреби се кои се прават во делот на префрлување на имотот на други лица или враќање на имотот на свое име по завршувањето на функцијата и тука ДКСК нема широки можности и надлежности. Затоа овој закон ќе ги опфати сите за да се елиминираат можните злоупотреби да нема недопирливи и да не може некој да се богати на сметка на граѓаните, истакна Николовски.

Борбата против корупцијата и криминалот, потенцира Николовски, е меѓу највисоките владини приоритети во рамката „Акција 21-европски стандарди дома“, втор по ред приоритет за оваа 2021 година.

извор: МИА

Next Post

(ВО ЖИВО) Промоција на веб сајтот makedonski.gov.mk - дигитална верзија на Толковниот речник на македонски јазик

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk