ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите, земјава се надева дека ќе се најде решение со привремената Влада во Софија, се случува опасна релативизација на настаните од 27 април која ќе води кон нови расколи

May 6, 2021 12:00
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Следната недела дополнителни попуштања на рестрикциите ако продолжи стивнувањето на пандемијата, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче. Покрај скратувањето на полицискиот час и дозволата угостителски објекти да работат до 22:30 часот, до надлежните пристигнале барања за отворање на салите за вежбање и зголемување на бројот на деца во градинките, но, министерот Филипче информираше дека Комисијата за заразни болести смета дека е сè уште рано за тоа.

Иако Бугарија  ја очекуваат предвремени парламентарни избори на 11 јули, властите во земјава сепак се надеваат дека може да се најде решение за разликите и со привремената Влада во Софија со што ќе се отвори пат за старт на преговорите за членство во ЕУ, но во исто време очекуваат и Унијата да упати порака дека европската перспектива е јасна, предвидлива и остварлива и дека е сериозна кога зборува за проширувањето.

Во моментот се случува опасна релативизација на настаните од 27 април 2017. Сега опозицијата и нивните епигони спремаат нова сплетка: тие (кои релативизираат/ негираат/ се прават мутави) треба да се претстават за помирители кои народот ќе го обединат заради “светла иднина”, а Заев да го претстават за осветољубив и брутален, што претставува една страшна лага. Таквата теза/лага ќе се форсира во иднина, и ќе води кон нови расколи, напиша Јовановиќ.

Велепредавство и терористичко загрозување на уставниот поредок“ или „драконски казни за луѓе за кои е тешко да се конструира намера за вршење на преврат на власта“… Овие две изјави делуваат како да се дадени од две остро спротивставени страни, а не од еден ист човек – професор по кривично право. Но и тоа е можно, ова се две изјави од истата личност дадени во два различни периода, Kaлајџиев против сам себе.

Судењата на далечина или онлајн судењата за 60 отсто ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, покажуваат анализите на Работната група за дигитализацијата при Министерството за правда. Дополнително, како што објави министерот за правда Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил, на овој начин се намалуваат трошоците.

Имам чест и задоволство што денес можам да ве поздравам во новите простории на Агенцијата за примена на јазикот на Република Северна Македонија, вели Џафери во своето обраќање. Тој на преведувачите и учесниците на обуката им посака успешна и плодна работа и сугерира да не се застане тука туку постојано да се усовршуваат и да споделуваат нови сознанија на работа и во приватниот живот, затоа што јазикот е нешто што не идентификува и постојано го носиме со себе.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, информираат од Министерството за здравство. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 74.076 граѓани.

М. Миткоска

Next Post

Шекеринска – Гуерини: Членството на Северна Македонија во НАТО беше инвестиција во стабилноста на регионот

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk