ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Општина Карпош ќе субвенционира трошоци за нови велосипеди

May 6, 2021 12:33
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Карпош ќе им доделува субвенции на нејзини жители кои ќе купат нови велосипеди – ќе покрива 30 отсто од сумата за платениот велосипед, но најмногу 3.000 денари. Акцијата ќе почне утре (7 мај) и ќе трае до исцрпување на предвидените финансиски средства.

– За оваа намена, Општината од својот буџет издвои 500.000 денари, а субвенционирањето ќе се одвива по принципот „прв дојден, прв услужен“, информира Општината за одлуката која ја донесоа советниците на вчерашната седница.

Советниците одобрија и три проекти од областа на образованието во општина Карпош. За  шестмесечниот проект „Инклузивно активен свет – Карпош“ ќе намени околу 150.000 денари. Реализатор е Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ, а  целта е подобрување на образовните услови на децата со попреченост, преку креирање  општинска програма за нивна социјална инклузија.

Со 50.000 денари Карпош ќе го финансира и осуммесечниот проект на Здружението ИМПЕТУС насловен „Младите заедно во еко заштита“, со кој треба да се мотивираат основците од општината да се вклучат во селекција на отпадот и заштитата на непосредната животна околина.

– Советот го поддржа и проектот на градското здружение на ликовни педагози – Детски ликовен центар, за одржување на 15. Детска ликовна колонија „Св. Пантелејмон 2021“. Според програмата за активности во областа на образованието за 2021 година, општина Карпош за оваа намена ќе издвои 50.000 денари од својот буџет, информира Општината.

Советниците на седницата одобрија и средства за награди од по 10.000 денари за полуматурантите – првенци на генерација од основните училишта во Карпош, како и дополнителни 30 милиони денари за Програмата од областа на екологијата и енергетската ефикасност за 2021 година (односно 186.600.000 наместо досегашните 156.000.000 денари), кои се наменети за подобрување на јавната чистота, обновување на урбаната опрема, јавното осветлување итн.

– На седницата помина и одлуката на Советот со која општина Карпош постхумно ќе му додели Плакета на семејството Петровски, како знак на признание за постигнати животни остварувања на професионалниот дипломат Трајан Петровски (1939-2021), информира Општина Карпош.

извор: МИА

 

Next Post
Борче Боки Трајковски/Фотографија Огнен  Бошњаковски, Фронтлајн

Боки Трајковски - Бургија: Бургијашите беа и останаа докрај анти-режимска дружина

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

September 17, 2026

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk