ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Реформите ги правиме во широка консултација со сите засегнати страни

May 6, 2021 15:47
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

Share on FacebookShare on Twitter

Министерството за образование и наука соопшти дека како за сите останати реформски процеси, така и за Законот за учебници, консултира и го слуша мислењето на сите засегнати страни.

-Сепак, во носењето на законското решение предност се дава на квалитет на наставата и повеќе бенефиции за младите, така што тоа не смее да биде причина за бојкот, информира МОН по денешната средба со претставници на фејсбук-групата која бара стопирање на предлог-законот за учебници во основното и средното образование.

– Промените во основното образование ќе се случат, затоа што тоа не е самоиницијативна одлука на Министерството за образование и наука, туку е резултат на сеопфатни анализи на квалитетот на националниот образовен систем спроведени од кредибилни меѓународни организации. А исто така, промените се и барање на наставниците и на многу генерации на ученици, но и потреба која  ја наметнува современиот свет и глобалните образовни трендови со кои Северна Македонија конечно мора да фати чекор и да ги следи. Ова беше истакнато на денешниот работен состанок на претставници од МОН кои ги сослушаа барањата на Иницијативата за бојкот на наставата, наведува МОН во соопштение.

Додава дека дигитализацијата на материјалите за учење е дел од промените кои започнуваат од идната учебна година и дека е глобален процес кој, како што наведува –  „нема и не треба да ја одмине нашата земја“.

-Новините се предизвик за сите, но од нив не треба да се откажуваме, туку напротив заедно и транспарентно да продолжиме да работиме на креирање на најдобрите решенија кои ќе треба да се интегрираат во системот. Ова е досегашната практика и начин на работа на МОН, принципи по кои ќе се водиме и во иднина. Затоа што само јавен и широк процес во кој се вклучени сите засегнати страни и експертската јавност, може да резултира со подобар квалитет на националниот образовен систем и со обезбедување повеќе и подобри можности за учениците, студентите, наставниците и професорите, нагласува МОН.

Потсетува дека новото законско решение, во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, а воедно и инклузивност, имајќи предвид дека тие ќе бидат достапни во аудиоформат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид. Исто така, преку поставувањето повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, ќе биде елиминирана веројатноста за појава на какви било грешки. Посочува и дека се воведуваат содржини од областа на мултикултурализмот, толеранцијата, почитување на различностите итн. и дека можноста за ажурирање на учебниците секоја година значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина.

-МОН останува отворена институција за соработка со секој заинтересиран поединец, група, граѓанска организација, здружение со намера да даде конструктивен предлог, идеја или коментар за унапредување на содржината и квалитетот на законското решение, земајќи го во преден план најдобриот интерес на учениците, информира МОН.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Амнести ја повикува ЕУ да им се придружи на САД во укинувањето на патентите за вакцините

НАЈНОВО

Лукашенко негира вмешаност на Белорусија во инцидентите со дронови над Полска и Литванија

September 16, 2025
Фото: Скриншот, видео на Х

(ВИДЕО) Израелски воени авиони го нападнаа јеменското пристаниште во Ал Худаида

September 16, 2025

Почина славниот актер Роберт Редфорд

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk