ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Забрчанец: Потребни се медиумски реформи заради јавниот интерес

May 7, 2021 19:14
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Марјан Забрчанец

Марјан Забрчанец

Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за телевизија Тера, Националниот координатор за стратегиски комуникации во владата, Марјан Забрчанец, зборува за реформи во медиумите и нивната потреба. Потребата е заради јавниот интерес, сега во време на пандемија кога се неопходни кампањи за имунизација на населението против Ковид 19.  Но, исто така вакви кампањи се потребни и за пописот, за битката со корупцијата.

Неопходна е кампања за едукација за вакцините, само половина од населението е подготвено да се вакцинира Во овој момент добиваме информации од различни истражувања дека само половина од населението во Северна Македонија е подготвено да се вакцинира. Тоа подразбира дека мораме да ја интензивираме комуникацијата, едукацијата и информираноста на населението, што подразбира нужна потреба од кампања од јавен интерес, едукативна и информативна, којашто во никој случај не смее и не може да биде политичка, ни идеолошка, бидејќи вирусот не бира ни по раса, ни по вера, ни по политичка припадност, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во разговор за телевизија Тера. Тој нагласи дека праксата од минатото, кога претходната власт, која злоупотребуваше и користеше милиони средства пари на граѓаните под превезот на владино рекламирање, со цел да корумпира медиуми, не постои повеќе. Не е исто дали ќе одите со кампања против абортус, која, што би рекол го дели народот идеолошки или ќе водите кампања за вакцинација од ковид, која де факто спасува животи на сите, истакна Забрчанец. Во член 102 од Законот за АВМ ќе предложиме измена, која предвидува дефинирање на исклучок од забраната со цел да се може да се предвидат средства од буџетот за да се информираат граѓаните во случај на потреба на заштита на јавно здравје, заштита на безбедноста или други теми од висок јавен интерес, како што е на пример пописот, борба против корупција, рече Забрчанец. Тој нагласи дека со предложените измени ќе остане на сила забраната за владино себерекламирање и за политички кампањи што го делат народот. Во предлогот има два клучни заштитни механизми, и тоа формирање независна комисија, тело кое што ќе дава мислење дали одредена тема е од јавен интерес или не, да не ни текне нам ни на некоја идна влада, да си прави кампањи за се и сешто како што беше примерот со претходните, рече Забрчанец, додавајќи дека вториот заштитен механизам е распределбата на буџетските средства, која нема да ја прави владата, туку софтвер со точно утврдени критериуми, кој клуч за распределба може да го администрира и оперира кој било субјект, нека бидат тоа новинарските здруженија. Потенцираме дека по предлогот што го дефинираме, ќе следат состаноци со сите здруженија, медиумски работници, сите заинтересирани, а заштитните механизми ќе се проверат со Венецијанската комисија, нагласи националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата Марјан Забрчанец, во разговор за телевизија Тера.

 

Во продолжение целото интервју:

Next Post

Грција дополнително ги олеснува рестрикциите – со отвораат културните активности

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Зеленски со отворено писмо до Путин: Предлагам директна средба за крај на војната

June 5, 2026
Анаис, хороскоп, Македонија, Скопје, стара железничка

Дневен хороскоп со Анаис за 5 јуни 2026: Колективна визија и оригинални решенија

June 4, 2026

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

June 4, 2026

ОФИЦИЈАЛНО: Андони Ираола е нов главен тренер на Ливерпул

June 4, 2026
Фото: Википедија

Калајџиев за случајот „Мазут“: Не е јасно каде е криминалот, а никој не прашува кој ќе одговара за штетата врз осомничените

June 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk