ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Захариева: Преговорите за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија не треба да се одложуваат

Таа e за зелено светло за почеток на преговори со ЕУ

December 8, 2019 13:30
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Започнувањето на преговорите за членство во ЕУ на Република Северна Македонија и на Албанија не треба да се одложува поради францускиот предлог за нова методологија за преговорите за присоединување. Тие процеси можат да се одвиваат паралелно, изјави бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за време на конференција во Софија посветена на Западен Балкан, пренесе МИА.

– Дел од реформите, предложени од Франција, се прифатливи за Бугарија, но тоа не значи дека давањето зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија треба да се одложи до усвојување на новата методологија. Двата процеса можат да продолжат истовремено, истакна Захариева.

Таа изрази надеж дека во следните шест месеци Скопје и Тирана ќе добијат зелено светло за почеток на преговори со ЕУ.

– Понекогаш сум еден од најгласните министри за надворешни работи дека ЕУ не може да донесе одлука. За тоа не е виновна само Унијата. Голема одговорност имаат и земјите кандидатки, додаде шефицата на бугарската дипломатија.

Захариева се осврна и на постигнатиот напредок во процесот на евроинтеграциите на шесте земји од Западен Балкан, потенцирајќи дека „работите на Балканот никогаш не се црни или бели“.

Според Захариева од една страна, на пример, постои договор за пријателство и добрососедство со Република Северна Македонија, но од друга страна, тој не се исполнува со доволно добро темпо, особено во делот за историјата. Исто така, има отворени многу преговарачки поглавја со Црна Гора, но постои и блокиран дијалог меѓу Белград и Приштина. Потребна е една година да биде формирана влада во БиХ, а истовремено има напредок во евроатлантските интеграции со усвојување план за акција и соработка со НАТО, нагласува бугарската министерка.

Next Post

Потешко повредена жена која се лизнала од скали во автобус

Најново

Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

Македонија е избришана од агендата на ЕУ

April 24, 2026
Фото: Фронтлајн

СДСМ бара итно запирање на сите градежни активности во Кисела Вода по трагедијата на градилиштето во која загина едно лице а 4 се повредени

April 24, 2026

Тошковски од Атина: Заеднички и координиран одговор на криминалот и тероризмот – зајакната соработка со Грција

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk