ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Борбата против корупцијата, светла точка на крајот од тунелот

Конечно, по една деценија жестока корупција, може да се рече дека борбата против корупцијата во нашата земја е започната. И конечно, Државната комисија за спречување на корупцијата за една година направи многу повеќе отколку оној состав во текот на владеењето на претходната влада.

December 9, 2019 17:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода со години интензивно ја следи корупцијата, со посебен фокус на политичката корупција. Организацијата стана позната според специфичните методологии во спроведувањето на континуираниот мониторинг на состојбата на човековите права, но и на политичките процеси, вклучувајќи ги тука и изборите. Точно пред една година, борбата против корупцијата беше на стаклени нозе, со Закон што се влечеше низ собраниските процедури, и нефункционална Државна комисија за спречување на корупција и судир на интереси. Од денешна перспектива, на Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, која за жал, сѐ уште е дел од политичкото или општественото секојдневие, во обидот за  стекнување неприкосновена моќ за одржување на власта, можеме да констатираме дека новиот состав на ДКСК за кратко време се истакна со транспарентна и одговорна работа од првиот ден по формирањето.

Во едно демократско општество, властите формираат институции, што по правило треба да бидат неутрални, објективни и независни, со цел да спроведат контрола, санирање и санкционирање на сите форми на корупција и судир на интереси. За време на претходната власт, тешко дека можевме да речеме дека ние сме земја која ги негува овие вредности и чија Антикорупциска комисија единствено се бореше да ја прикрие корупцијата на владата на Груевски.

Затоа, оваа година и овој состав на ДКСК, според сите начела и стандарди покажаа што значи да се биде доследен, принципиелен, независен и објективен. Тие покажаа што значи да се биде одговорен, траспарентен и отчетен, без партиски и политички влијанија, независно кој, како и од кои прични е вплеткан во активности што се коруптивни. Законот важи подеданкво за сите и никој не е имун, ниту полага право на привилигираност затоа што е политичар, бизнисмен, премиер или претседател на држава.

Конечно, по една деценија жестока корупција, може да се рече дека борбата против корупцијата во нашата земја е започната. И конечно, Државната комисија за спречување на корупцијата за една година направи многу повеќе отколку оној состав во текот на владеењето на претходната влада.

ЦИВИЛ останува буден и активен, не само во мониторингот, туку и во преземањето конкретни чекори и иницијативи во насока на јакнење на јавната свест и барање за целосна посветеност во борбата против корупцијата.

Како потсетник, никогаш да не се вратиме во таа состојба и да останеме информирани и свесни за штетните влијанија на корупцијата, ЦИВИЛ потсетува на публикација посветена на антикорупцијата односно предизвиците што ги носи борбата против корупцијата. Публикацијата претставува избор од содржини објавени во рубриката МИСЛА на www.civilmedia.mk  од крајот на 2017 до средината на ноември, 2018 година.

Биљана Јордановска

Next Post

Дескоска: Направивме значаен чекор во усвојувањето на законодавството на ЕУ

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk