Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на маргините на Економскиот Форум Делфи во Атина, оствари средба со поранешниот британски премиер Тони Блер. На средбата беше истакнато дека Договорот од Преспа е големо достигнување, бидејќи донесе решение за двата народи, но и за целиот регион и за Европа. Има потенцијали за соработки со глобалната ИТ компанија „Оракл“ за враќање на мобилноста на граѓаните.
Вкупно се аплицирани 175.348 дози вакцини, а ревакцинирани се 25.648 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 14.548 граѓани, напиша Министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук. Прва доза вакцина вчера примиле 13.751 граѓани.Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 330.513 граѓани, вели тој.
Тврдењата дека со дигитализацијата ќе дојде до класно раслојување се целосно неиздржани, бидејќи токму со оваа реформа секое дете ќе има пристап до ИТ уред, рече Душан Томшиќ претставник од МОН. Никој не вели дека учениците со таблети, со телефони или компјутери ќе седат во училница. Значи тие ќе си имаат секако настава како и до сега што си имале и ќе се задржи односот наставник-ученик, посочи тој.
Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина и паралелно истакна дека тие не се согласуваат со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ.
Од вечер на полноќ стартува скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај. Работното време на угостителските објекти е продолжено до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси.
Муслиманите во земјава, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и пијалоци од зора до зајдисонце, денеска во сите џамии се служи утрински Бајрам-намаз. Со честитки за празникот се јавија и претставниците од високиот политички врв.
М. Миткоска