ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

30 години независност, 20 години Охридски рамковен договор – каде е Македонија!?

May 14, 2021 13:34
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: СЕФЕР СЕЛИМИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Годинава Република Северна Македонија одбележува два важни јубилеи во своето формирање како самостојна држава, 30 годишнина од независноста и 20 годишнина од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Првиот јубилеј го означува стремежот за нова перспектива за изградба на модерна држава, во духот на демократскиот бран што избувна низ целиот свет, особено надвор од железната завеса од Студената војна.

Либералната демократија како вредносен систем на управување триумфираше над различните модели на комунизам, но политичко-економската транзиција кон овој систем не се рефлектираше со иста динамика во сите посткомунистички држави. Триесет години подоцна, она што требаше да биде извор на сила и приоритет, мултиетничката разновидност, продолжува да има потенцијал да произведе конфликт и во иднина да ја држи земјата како заложник на ривалството помеѓу двете најголеми заедници.

Македонците, огромното мнозинство од нив, сè уште се водат од мислата дека Македонија е држава на Македонците. Овој менталитет кај нив произведува чувство на надмоќ кон Албанците и другите етникуми, хранејќи ги со идејата дека тие се единствените и легитимни сопственици на државата, којашто Албанците сакаат да им ја одземат. Следствено, ова го храни стравот од губење на статусот на привилегирани, произведува албанофобија, и во многу случаи, со изразени нијанси на шовинизам.

Албанците, огромното мнозинство од нив, сè уште се водат од мислата дека Македонија никогаш нема да биде праведна и еднаква држава за сите свои граѓани, без оглед на етничката припадност. Овој менталитет произведува во нив длабока недоверба кон државата, а приори очекувајќи дека во кој било важен државен процес Албанците ќе бидат или исклучени или оштетени. Следствено, ова го храни чувството на виктимизација и инфериорност и прави да се чувствуваат отфрлени, недоверливи, а во многу случаи дури и нихилистички настроени во однос на иднината на државата.

Вака како што е кратко изнесено, можеби многумина нема да се согласат и ќе произведат бескрајни контрааргументи, но овие два перципирани или вистински светогледи, се основа на политичкото делување на повеќето политички партии во Северна Македонија. СДСМ како продолжение на комунистичката партија и водена од овој менталитет, на почетокот на независноста изгради устав кој произведе конфликт во 2001. ВМРО-ДПМНЕ во генезата на своето основање имаше албанофобија, додека во 10-годишното владеење на Груевски потроши речиси 1 милијарда евра за зголемување и зајакнување на истиот начин на размислување: Македонија на Македонците. ДУИ, пак, играше улога на „заштитник на Албанците“ сите овие години, некогаш како триумфатор, некогаш како жртва. Албанската опозиција во последните 20 години, без оглед на трансформацијата и формата, беше предводена од истиот менталитет, виктимизација на Албанците од страна на Македонците. Не сакам да се занимавам со искреноста на политичките партии во овој случај, но и самите граѓани на Северна Македонија беа сведоци дека вешто успеаја да ги користат и злоупотребуваат овие умови во различни форми и модели, сите овие години.

Во оваа ситуација е тешко да се храни фактичката реалност, но тоа не значи дека не треба да има напор. Ова е реалноста, и можеби од тука треба да започнеме со поставување на темелите за широк и суштински дијалог за иднината на земјата:

· Северна Македонија е мултиетничка држава, и не е ниту на Македонците, ниту на Албанците, туку и на Македонците и на Албанците и на сите други граѓани што живеат тука.

· Македонците се доминантна етничка заедница, но половина од Северна Македонија е управувана и доминантна со Албанци.

· Албанците биле и ќе бидат витален дел од постоењето на Северна Македонија, без Албанци не постои „Македонија на Македонците“.

· Другите помали етникуми продолжуваат да бидат запоставени од двете поголеми заедници, особено во време на изборите , особено локалните.

Дваесет години подоцна, Охридскиот договор, кој требаше да произведе трајна стабилност преку меѓуетничка еднаквост во северна Македонија, беше инструментализиран од политичките партии и наместо да произведе просперитет, тој стана алатка за собирање гласови. Систематската државна дискриминација кон Албанците во Македонија го поттикна конфликтот во 2001 година, историска пресвртница која дојде со човечки и материјални последици за сите граѓани на државата. За ставањето крај на конфликтот преговараа евро-атлантските држави со вклучените страни, односно, меѓу Албанците и Македонците претставени од нивните политички партии, под покровителство на Претседателот, што резултираше со Охридскиот договор.

Овој рамковен договор ги сублимираше повеќето политички барања на Албанците, кои со текот на годините беа изнесени од политичари, интелектуалци и граѓани преку разни форми на политичко дејствување, вклучително и мирни протести кои често завршуваа со полициско насилство за да ги потиснат. Политичката и социјална трансформација на Албанците по Охридскиот договор е непобитна, но недоволна. По уставните и законските измени, Охридскиот договор стана партиски инструмент, пред сè за ДУИ, што денес ризикува да им наштети на самите Албанци и на нивната политичка и општествена организација, а пред се на албанскиот интелектуализам во Северна Македонија.

Целосното фокусирање на квантитетот и симболиката, без придавање важност на квалитетот и реалните долгорочни ефекти, стана модус операнди и менталитет на креирање политики. Политичкото делување на Албанците во Македонија денес е архаично и импровизирано, без долгорочни стратегии засновани на здрава анализа, заснована врз современи политички филозофии, кои се во согласност со предизвиците на денешницата и реалните предизвици во иднина. Политичката визија на албанските партии сè уште нема надминато над идентитарната политика, виктимизацијата, обвинувањето и вон западна Македонија.

Денес, застапеноста на Албанците во институциите е зголемено за десет пати, но во рамките на оваа застапеност доминира квантитетот наспроти квалитетот. Во јавните институции може да најдете многу Албанци, но малку од нив со ефективна работа, а уште помалку оние што имаат моќ да донесуваат одлуки. Денес има многу Албанци на чело на институциите, агенциите и јавните претпријатија, но малкумина од нив се на таа позиција поради своите професионални заслуги, а уште помалку водени од желбата за служење на јавноста. Во денешно време има вредност

рангирањето во партиските списоци за вработување , а не рангирањето на јавниот конкурс. Во образованието, здравството, културата и на други места, политиката и партискиот милитантизам се шират како пожар над интелектуалниот развој и екселенција, отстапувајќи им простор на медиокритетите. Денес главниот јунак и социјалните модели не се интелектуалци, чесните и вредните граѓани, туку силните луѓе на партијата во соседството и градот. Светот не се врти околу здравиот разум, туку околу политичката сила и партиската припадност.

На триесеттиот јубилеј од независноста на Македонија и дваесеттиот од Охридскиот рамковен договор, во нашето мултиетничко општество се уште продолжува борбата помеѓу прогресивните вредности и регресивните сили, битка на чие чело стои медиокритетот на политичките претставници.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

CLOUD experiment. Picture of the ALICE detector (image: CERN)

Научници за прв пат претворија олово во злато

May 14, 2025

Мицкоски за утрешната посета на Кошта: Ќе ги пренесеме нашите ставови во врска со уставните измени

May 14, 2025

Утре и во петок обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, на повисоките планини снег

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk