ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Заев од Атина: Американската компанија „TEXAN & Envipco“ која работи во Грција ќе инвестира и во Северна Македонија

May 14, 2021 13:50
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи одржаа средба со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората.

На средбата на премиерот Заев му беше соопштена донесената одлука на компанијата „TEXAN & Envipco“ за отворање на фабрика во Северна Македонија за рециклирање на пластика. Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање.

Компаниите изразија интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори како и во циркуларна економија во насока на спроведување на Зелената агенда, како и во агро секторот.

Премиерот Заев истакна дека Северна Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка, за што говорат и податоците за солидната трговска размена со земјите од регионот како и заедничките проекти во полето на енергетиката.

Премиерот Заев и вицепремиерот Битиќи ги поканија компаниите во земјата, да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании.

На состанокот се дискутираше и за придобивките од влезот на Северна Македонија во НАТО што за инвеститорите е јасен и позитивен сигнал бидејќи ја зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања.

Презентирајќи ги можностите за инвестиции премиерот Заев додаде дека позитивните исчекори што Северна Македонија ги прави за придвижување на интеграциските процеси на земјата се уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи, а еден од начините за остварување на таа цел е токму зголемувањето на регионалната соработка.

Претседателот на грчката АмЧам, Бакацелос искажа отворена благодарност што Северна Македонија е отворена за инвестиции и водење бизнис.

На средбата беа истакнати позитивните трендови во земјата кои даваат сигнал на стабилизирање на економија, зајакнување на довербата кај инвеститорите како резултат на позитивните движења во економијата, раст на извоз, индустриско производство, внатрешниот промет како и раст на просечната плата.

 

 

Next Post

Пендаровски не го потпиша Указот за Законот за легализација на бесправно изградени објекти

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk