ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Шахпаска на состанок со Мисијата на ММФ: Зачувавме 80 илјади работни места, продолжува процесот на економско заздравување, креираме современа регулатива за работните односи

May 14, 2021 17:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија заслужува признание за политиките што ги презеде и за начинот на кој се справуваше со предизвиците од пандемијата со Ковид-19, беше заклучено на денешниот онлајн состанок што министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го одржа со претставници на Мисијата на Меѓународниот Монетарен Фонд.

На состанокот се разговараше за предизвиците со кои се соочува нашата држава, особено во контекст на пандемијата со Ковид-19, како и за процесите за справување со неформалната економија, растот на минималната плата и новото законско решение за работни односи.

„Зачувување на секое работно место, помош на најранливите категории на граѓани преку олеснувањето на пристапот до гарантирана минимална помош и шесте пакети економска помош за граѓаните и за компаниите беа од клучно значење за пребродување на периодот на кризата предизвикана од Ковид-19. Успеавме да зачуваме 80 илјади работни места што е од огромно значење“, нагласи министерката Шахпаска.

Претставниците на мисијата на ММФ оценија дека Владата на Република Северна Македонија заслужува признание за политиките што ги презеде, како и за начинот на кој се справуваше со предизвиците кои ги донесе пандемијата од Ковид-19.

Министерката Шахпаска изрази уверување дека крајот на пандемијата не е далеку, имајќи ја предвид и масовната вакцинација на населението, по што со уште поинтензивно темпо ќе продолжи процесот на заздравување на економијата.

„Анализите покажуваат дека има напредок на економски план, но и во делот на пазарот на труд. Економскиот раст се покажа отпорен, иако со пониска просечна стапка во споредба со периодот пред глобалната економска и финансиска криза. Трендовите на пазарот на трудот во однос на работоспособното население, во изминатиот неколкугодишен период, исто така се свртеа во позитивна насока, со растечки стапки на активност, подобрени стапки на учество на бројот на вработените во вкупното население и опаѓачки стапки на невработеност“, посочи министерката Шахпаска.

Во делот на состојбите на пазарот на труд, министерката Шахпаска информираше дека стапката на вработеност  бележи тренд на раст, односно  од 44.1% во 2017 година, во 2020 година вработеноста се зголеми за 3.1 процентни поени и изнесува 47.2%. Додека пак, стапката на невработеност во 2017 година која  изнесуваше 22.4%  до крајот на 2020 година е намалена за дури шест процентни поени, односно изнесува 16.4% , достигнувајќи и вредности од 16.1% и 16.2% во текот на 2020 година.

На прашањето во врска со растот на минималната плата во земјава, министерката потенцираше дека и во услови на пандемија работниците го добија законското усогласување кое им следува и информираше дека минималната плата денеска изнесува 54% од просечната плата во земјава.

На тема неформална економија и што прави државата на ова поле, министерката Шахпаска го  истакна променетиот пристап на Владата за намалување на неформалната економија и имплементација на Стратегија за формализација на неформалната работа за периодот 2018-2022 година.

„ Главни приоритети се формализација на неформалната економија преку унапредување на процесот на мерење, следење и детекција на неформалната економија, подобро деловно окружување за основање, раст и развој на компаниите, стимулирање и поддршка на формализацијата на неформалните економски активности како и јакнење на даночниот морал и намалување на толеранцијата кон неформалната економија“, информираше таа.

Министерката Шахпаска информираше и за новата законска регулатива за работните односи на која работи Министерството за труд и социјална политика заедно со претставници на работниците и на работодавачите.

Новиот закон, најави министерката Шахпаска, ќе биде во согласност со меѓународните директиви и стандарди и, меѓу другото, ќе ги уредува и прашања за сезонската работа, работата од далечина, родителското  отсуство, институтот еднаква плата за иста работа на жените и мажите, како и договорите на определено време.

Next Post

Претседателот Пендаровски се сретна со народниот правобранител Зибери

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk