ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

И вакцинацијата на стопанствениците по приоритет

May 15, 2021 15:39
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

И вакцинацијата на стопанствениците од кои дел веќе се имунизираа во Србија, ќе се врши по принципот на приоритет. Надлежните ги очекуваат списоците од стопанските комори врз основа на кои ќе бидат одредени термините за вакцинација.

Како што рече денеска министерот за здравство, Венко Филипче, дневно ќе се вакцинираат по 300 до 400 лица од списоците на стопанските комори.

Во однос на критичната инфраструктура почнуваме следната недела. Има една донација вакцини за полицијата, а еве сега и за Армијата. Ќе продолжиме по тој терк, како што почнавме. И во однос на стопанските комори, стопанските субјекти, компаниите, на заедничкиот состанок заклучивме дека најсоодветен механизам е и таму да се регрутираат луѓе согласно препораките за приоретизација – вработените со колку луѓе во денот имаат контакт или колку работат во група и во колкава затворена просторија. Ги очекуваме списоците од стопанските комори со кои имавме состанок на почетокот на неделата. Веднаш штом ги добиеме, ќе добијат термини за вакцинација, истакна Филипче, одговорајќи на новинарски прашања по приемот на кинеската донација од 100.000 вакцини „Синофарм“ во поликлиниката „Јане Сандански“.

Пред три дена Стопанската комора на Северна Македонија соопшти дека  е постигнат договор да се реализира организирано вакцинирање на бизнис секторот во земјава. Според дефинираната постапка, најдоцна до понделник, 17.5.2021 година, Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори, треба да подготват листи на заинтересирани за вакцинирање со лични податоци и пунктови за имунизација во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Тетово и Охрид.

Приоритетни за вакцинирање ќе бидат вработените кои работат во поголема група во иста просторија (погон, магацин), угостителско туристичкиот сектор, јавниот транспорт и продавачите во малопродажните трговски објекти. 

извор: МИА
Next Post

Градоначалникот на Будимпешта најавува дека на изборите следната година ќе го собори од власт Орбан

Shortcut

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk