ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров за грчкиот весник „Та Неа”: Соработката е инвестиција во стабилноста

May 16, 2021 11:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
 Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров е уверен во, како што вели, историското значење на Преспанскиот договор бидејќи отвори можност за соработка меѓу двете држави, што е инвестиција во стабилноста.

–Ние сме соседи и верувам дека долгорочно е многу важно соседите да ти се пријатели и поддржувачи. Се отклучи нашиот влез во НАТО, што е важно и ѝ дава сила на нашата земја, во еден регион што не е сосема „среден“. Тоа беше и еден чекор кон нашите преговори со ЕУ. Се отвори нова страница за соработка. Сега премиерите Заев и Мицотакис разговараа за големи проекти особено во областа на енергијата. Грција е многу важен трговски партнер и во Северна Македонија имаме големи грчки инвестиции. Уверен сум дека Договорот беше историски. Ќе бидат потребни години со цел да ја увидиме потребната историска дистанца за да го утврдиме неговото историско значење. Но, историјата ќе покаже дека бевме во право. Немам никаква дилема во тоа. Обично кога зборуваме за Преспанскиот договор се мисли на решавањето на проблемот со името. Но, договорот има и друга димензија што се однесува на јакнењето на соработката во сите области. И тоа беше инвестиција во стабилноста на регионот, вели Димитров во интервју за вчерашното издание на грчкиот дневен весник „Та Неа“.
Вицепремиерот во интервјуто нагласува дека е многу важно знамето на Европската Унија да го опфати и Западниот Балкан, бидејќи тоа е прашање на заокружување на процесот на обединување на Европа.
-Не мислам дека Европа може да биде обединета без еден регион кој е во рамки на нејзините граници. Луѓето во Западна Европа обично кога зборуваат за Западниот Балкан сметаат дека тоа е регион што се граничи со Европа, но во реалноста тоа е регион што е опкружен со земји-членки на ЕУ. Нашата географија, нашата економија е дел од Европа. И Западниот Балкан и Европа ќе бидат подобри ако знамето на ЕУ го покрие и овој регион. Имаме заеднички интереси во областа на безбедноста и тоа не се ограничува само на безбедноста на Балканот, туку и на безбедносните ризици во Европа, потенцира тој.
Во тој контекст, тој се осврнува и на важноста на европската перспектива на Северна Македонија, која, како што вели, е тест за кредибилитетот на ЕУ.
Нашиот случај е особено индикативен. Едно дете што се родило во мојата земја, сегашна Северна Македонија, кога ја потпишавме Спогодбата за стабилизација и асоцијација, денес има 20 години. Ние сме земја-кандидат 16 години. Се движиме во вистинскиот правец, сакаме да бидеме динамична европска демократија со просперитетна економија. Инвестиравме време, спроведовме реформи, покажавме посветеност и решителност во решавањето на тешки проблеми и ја издигнавме демократијата. Случајот на Северна Македонија претставува тест за ЕУ и ако наскоро немаме позитивен развој, ќе се доведе во прашање кредибилитетот на ЕУ, вели вицепремиерот за европски прашања.
Осврнувајќи се на блокадата од Бугарија, Димитров посочи дека надминувањето на овие прашања е многу битно и за двете држави, конечно и за самата ЕУ.
-Она што го научив од Преспанскиот договор е дека преговорите ќе бидат успешни доколку и двата соседи се победници. И мислам дека правиме сѐ што можеме за да го постигнеме тоа и со Бугарија. Имаме разлики. Некои од прашањата што ги поставува Бугарија не се целосно во склад со европските вредности. Јас сум сосема уверен дека ќе има успех и за Северна Македонија и за Бугарија и за ЕУ, вели Димитров во интервјуто.
Коментирајќи го неодамнешниот нон-пејпер за промена на границите на Балканот, тој укажува дека секое бледнеење на европската визија за овој регион, раѓа компетитивни визии за иднината, поради што ЕУ мора одлучно да дејствува.
-Овој таканаречен нон-пејпер предизвика дискусија што ја сметам за опасна. Визијата за Балканот треба да биде европска каде границите сѐ помалку имаат значење. Сметам дека на регионот не му требаат поголеми држави туку величествени европски демократии и економии. Ваквите агенди јакнат затоа што слабее европската идеја за обединет европски Балкан во обединета Европа. Јас  се обидувам да го активирам „ѕвоното на опасноста”. Време е да се активираме. При секоја посета на Грција се обидувам да научам еден грчки збор. При првите посети беше „пријателство“, потоа „спогодба“, па „спокој (мир)“, па „визија“, а овојпат е „сега“. Сега е време“ да се придвижиме започнувајќи го европскиот пат на Северна Македонија и Албанија, вели вицепремиерот.
Интервјуто на вицепремиерот Димитров за „Та Неа” е реализирано во рамки на неговото второ учество на Економскиот форум Делфи, што оваа година заради пандемијата наместо во Делфи се одржа во Атина, во периодот од 10 до 15 мај.
извор: МИА
Next Post

Пладневен преглед: СДСМ на онлајн конгрес ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор, соработката е инвестиција во стабилноста

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk