ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Предлог да останат во сила постоечките рестриктивни мерки

May 18, 2021 11:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Иако последните денови има благо опаѓање на бројот на новозаболени од Ковид-19, Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок донесе предлог да останат во сила веќе постоечките рестриктивни мерки. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 27 случаи со Ковид, од 1.314 тестирања. Почнаа со работа и пунктовите за вакцинација во Струмица и Штип, а продолжи имунизацијата во останатите регионални пунктови. Исто така, на граничниот премин Станке Лисичково – Делчево вчера стартуваше вакцинацијата на пријавените граѓани од пограничниот регион.

Според постоечките рестриктивни мерки, забраната за движење на населението е од полноќ до 4:00 часот наутро, а угостителските објекти работат до 23:30 часот. Предлогот за олабавување на мерките, беше донесен минатиот понеделник врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Според директорката на ЈЗУ „Здравствен дом Струмица“, Љубица Митева, завчера во пунктот се доставени 2.500 дози од кинеската „Синофарм“, а вчера од 08:00 часот вакцинацијата тече во најдобар ред. Дневно во регионалниот пункт за вакцинација во Струмица се очекува да се вакцинираат околу 500 граѓани.

-Покрај кинеските имаме 396 дози вакцини „Фајзер“, кои се наменети за ревакцинација на лица над 70 години старост, а денес почнаа да се вакцинираат  лицата кои се пријавени до 30 минатиот месец. Пунктот кој досега работеше во просториите на спортска медицина е затворен и сите граѓани кои имаа термин за денес ќе се вакцинираат во регионалниот пункт, посочи Митева.

Додека, во штипскиот регионален пункт од вчера почна имунизацијата на околу 300 лица со хронични болести, на дијализа, трансплатација на црн дроб, бубрег и петмина кои чекаат трансплатација на срце по список  пристигнат од Министерството за здравство.

Во редот за вакцинација се и граѓаните кои имаат добиено порака преку „Мој Термин“, вчера се имунизираа лицата над 68 години од сите општини од источниот регион, на кој им е пристигната смс порака. Според надлежните, вакцини има, вчера се пристигнати 4.000 од кинеската „Синофарм“ и 1.000 од „Фајзер“. Се очекува од утре веќе и да се намали возрасната граница за имунизација на населението од штипскиот регион. 

Според извештајот на Министерството за здравство, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови  27 случаја на заболени од Ковид-19. Починаа 19 лица, а оздравени се 192 пациенти. На инфективните одделенија низ болниците во државата и во Скопје се лекуваат вкупно 490 пациенти. Има околу 750 слободни кревети во ковид центрите.

Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на пандемијата изнесува 154 725, на оздравени пациенти е 146.043, а на починати е 5.230. Има вкупно 3.452 активни случаи.

Како што информираа вчера од МВР, поради неносење маска на територијата на државава во претходното деноноќие се казнети 469 граѓани, а 16 го прекршиле полицискиот час.

извор: МИА

Next Post

Македонските навивачи со негативен ПЦР-тест ќе можат да одат во Букурешт

Shortcut

Најново

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk