ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шилегов: Конески стана препознатлив како национален симбол на нашата понова македонска историја

May 19, 2021 12:02
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА

Тркалезна маса насловена „Разговори со Конески“ се одржа денеска  во дворот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, по повод 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, директорката на Институтот „Крсте Мисирков“ Елена Јованова-Грујовска, професорите Вера Антиќ, Људмил Спасов и Благица Петковска, како и матурантите од средното училиште „Никола Карев“.

Во своето обраќање, градоначалникот Шилегов на матурантите им посака успешно завршување на средното образование и запишување на некои од факултетите во нашата држава.

– Блаже Конески како поет, раскажувач, препејувач, литературен историчар, лингвист и есеист стана препознатлив како национален симбол на нашата понова македонска историја околу кого се вкрстуваат високите вредности на македонскиот јазик и целокупната наша современа македонска литература, меѓутоа и современа македонска култура, нагласи Шилегов.

Градот Скопје како институција, додаде тој, се вклучи со голем број активности во одбележувањето на овој голем јубилеј.

– Го финансиравме издавањето на книгата „100 песни на Конески“, ја поддржавме неодамнешната трибина во Културно информативниот центар во негова чест, го поддржуваме и овој настан, а во тек е постапката за подигнување на спомен обележје пред куќата на Конески на Водно. И за крај, посебно сум горд што еден од најфреквентите и најцентарските булевари во нашиот град веќе го носи името Блаже Конески, рече Шилегов, додавајќи дека со своето дело и лик Конески прерасна во култна личност.

Директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Елена Јованова-Грујовска, нагласи дека конечната кодификација на македонскиот литературен јазик што ја изнесе Блаже Конески во изминатите децении покажа дека може да се користи во сите сфери на општественото живеење.

– Во рамките на независната држава, тогашна федерална Македонија, Блаже Конески на своите плеќи ја изнесе, заедно со неговите соработници, конечната кодификација на македонскиот литературен јазик. Таа кодификација покажа во изминативе децении дека е конечна, дека е извонредна и дека може да се користи во сите сфери на општественото живеење и одговори на сите предизвици што ги носи животот пред нас, рече Јованова-Грујовска.

На матурантите им посака да си ги најдат своите патишта во животот, меѓутоа успешни, со кои ќе се гордеат.

извор: МИА

Next Post

Масовна полициска акција во Белгија по поранешен војник заради закани кон вирологот Марк Ван Ранст

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk