ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими и Техада потпишаа усогласување на Спогодбата одбегнување на двојно оданочување со Швајцарија со ОЕЦД конвенцијата

May 19, 2021 12:51
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
ФОТО: МИА

ФОТО: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за финансии Фатмир Бесими и швајцарската амбасадорка во земјава Сибил Зутер Техада го потпишаа Протоколот за усогласување на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Швајцарија за одбегнување на двојното оданочување, согласно новата даночна конвенција на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) и БЕПС стандардите. Со Протоколот ќе се зајакнат постојните одредби за одбегнување на двојното оданочување за данокот на доход и данокот на капитал помеѓу двете земји, ќе се постигне поголема даночна транспарентност и фер даночен третман, соопшти Министерството за финансии.

-Со зајакнување на одредбите за одбегнување на двојно оданочување ќе се овозможи подобро следење на даночната основа и фер распределба на профитот меѓу двете земји. Поставување на јасни правила за одбегнување на двојно оданочување како и спречување на доделување на договорни поволности во несоодветни околностие од исклучително значење за билатералната економска соработка, како и за градењето на фер даночен систем, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Амбасадорката Сибил Зутер Техада, истакна дека Швајцарија ја поздравува оваа ревизија на Спогодбата за двојно оданочување којашто е во согласност со последните меѓународни стандарди и ќе ги зајакне економските односи меѓу нашите две земји.

– Швајцарија е посветена на спроведувањето на последните меѓународни стандарди во својата мрежа на договори за двојно оданочување, вели амбасадорката Техада.

Протоколот предвидува усогласувања во насока размената на информации помеѓу надлежните даночни органи на двете земји да биде согласно меѓународните стандарди предвидени со конвенцијата на ОЕЦД и БЕПС стандардите, како и усогласувања кои ќе олеснат спроведување на процесите уредени со спогодбата во пракса. Исто така, тој е во насока на имплементирање на БЕПС стандардите.

Во август 2018 година Република Северна Македонија стана 117-та земја членка на БЕПС Инклузивната рамка, во која рамноправно со останатите земји учествуваме во преземање мерки за спречување одбегнување на плаќање на данок, односно мерки за зачувување на сопствената даночна основа. БЕПС пакетот е составен од 15 мерки во рамки на кои се утврдени активности кои ќе им помогнат на земјите во справувањето со можностите за одбегнување на плаќањето на данок. Република Северна Македонија активно учествува во имплементирањето на овој пакет на мерки.

Низ годините Република Северна Македонија има потпишано билатерални договори за избегнување на двојно оданочување со 49 земји и голем дел од нив се по застарени стандарди. Со усогласување на договорите со новата Конвенција на ОЕЦД се дава дополнителна заштита против двојното неоданочување.

извор: МИА

Next Post

Сугарески: За 18 проценти зголемена реализацијата на приходите по основ на царина, ДДВ при увоз, акцизи и надоместоци

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk