ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Учи паметно, работи стручно“ во Куманово и Крива Паланка: Голем интерес кај младите за средните стручни училишта

May 19, 2021 13:20
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на кампањата за промоција на средното стручно образование „Учи паметно, работи стручно“ која ја спроведува Министерството за образование и наука со поддршка од Швајцарската амбасада во Скопје, денес беа организирани отворени денови на стручните училишта во општините Куманово и Крива Паланка. Посетеноста на училиштата од страна на идните средношколци, покажува дека интересот за стручното образование се зголемува и дека тоа ќе биде прва опција и за младите од овие, но и од дел од околните општини.

Во трите стручни училишта во Куманово, од кои едното е трансформирано во регионален центар за стручно образование и обука отворени се вкупно 1551 слободно место за полуматурантите, во повеќе различни струки.

Во СОУ „Перо Наков“ можат да се запишат 508 ученици во економско правна и трговска струка, како и во текстилно кожарска струка. Во училиштето „Наце Буѓони“, согласно конкурсот за упис во средно образование, предвидени се 646 слободни места во паралелки по машинска, електро-техничка и здравствена струка. Додека, училиштето „Киро Бурназ“ кое од оваа година станува регионален центар за стручно образование и обука, кој освен што ќе биде наменет за млади лица, има за цел да им помогне и на повозрасните граѓани да го верификуваат стекнатото знаење преку информално и неформално образование, нуди вкупно 397 места за идните средношколци во земјоделско – ветеринарна струка, хемиско – технолошка, машинска струка и лични услуги.

Во Крива Паланка пак, средното училиште „Ѓорче Петров“ нуди можности за упис во машинска, електро-техничка, угостителско – туристичка и здравствена струка. Слободни се 134 ученички места во паралелките по овие струки.

Сите училишта за време на спроведување на првата фаза од кампањата „Учи паметно, работи стручно“ на иницијатива на МОН воспоставија соработки со локални компании и од новата учебна година во дел од струките се воведува концептот на дуално образование, преку кој фокус се става повеќе на практична обука на учениците директно на работно место, а помалку на учење теорија во училница, што ја зголемува атрактивноста на стручното образование.

МОН потсетува дека во насока на стимулација на интересот на младите да го одбираат средното стручно образование, од оваа година се менува и политиката за стипендирање на средношколци. Имено, секој ученик кој ќе се запише во дуална паралелка, како и учениците кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење, ќе имаат можност да аплицираат за стипендија во вредност од 3500 денари на месечно ниво, за 9 месеци во годината.

Уписите во средно образование ќе се реализираат преку три пријавувања во текот на следниот месец, почнувајќи од 14 јуни. Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, поточно на 23 август, за што доставуваат доказна документација.

извор: МИА

Next Post

Нова програма на УСАИД за поддршка на локалните самоуправи

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk