Вчера, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) официјално ја претстави Програмата за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Северна Македонија. Програмата ќе соработува со Владата на Северна Македонијаи локалните самоуправи за мерливо зголемување на општинските приходи од сопствени извори, надворешни средства и стапките на извршување на буџетот во согласност со условите за буџетирање и известување на Владата на Северна Македонија.
На присутните градоначалници и претставници на општините им се обратија амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, и Аце Коцевски, градоначалник на општина Велес и претседател на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС.
Градоначалниците од првата група партнер-општини виртуелно потпишаа Меморандум за соработка со што се заложија за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способноста на локалните самоуправи за планирање, управување и спроведување на приходите од јавниот сектор.





