ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Министерство за финансии: Мисијата на ММФ оцени дека нашата економија заздравува

May 19, 2021 14:05
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Економијата на Република Северна Македонија заздравува, оцени мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржа од 6-17 мај. Тие посочуваат дека добрите политики и владиниот стимул го амортизирале ударот од Ковид-19 кризата врз нашата економија и посочуваат дека фискалната политика треба и понатаму да биде насочена кон поддршка на стопанството и граѓаните.

Станува збор за редовна мисија на Фондот во земјава, а истата беше предводена од Бергјот Баркбу. Во рамки на мисијата беа остварени повеќе состаноци со претставници од Министерството за финансии, вклучително и со министерот за финансии Фатмир Бесими, на кои беа дискутирани актуелните состојби и очекувањата за економијата.

Од Меѓународниот монетарен фонд проектираат растот на бруто домашниот производ на земјава во 2021 година да порасне за 3,8%, со нагласок дека проекцијата може да претрпи нагорна корекција доколку се продолжи со забрзување на темпото на имунизација.

Фискалната политика треба да продолжи да биде поддршка за заздравување на економијата, поттикнување на отворање нови работни места и зачувување на социјалната стабилност, посочуваат од Фондот. Тие нотираат дека Владата и во 2021 година продолжила со поддршката на фирмите и граѓаните и истакнуваат дека доколку има потреба Владата треба и понатаму да продолжи со мерки кои ќе придонесат за заздравувањето.

Меѓународниот монетарен фонд оценува дека владиниот план за инвестиции е амбициозен и дека и понатаму треба се настојува да се унапреди ефикасноста на јавното трошење. Посочуваат дека напорите за подобрување на наплатата на давачките ќе креираат поголем фискален простор и дека тие средства можат да се насочат кон клучни области како здравство, образование и инфраструктура, а од друга страна ќе придонесат и зачувување на стабилно ниво на долг.

Од Фондот нотираат дека проекцијата за стапката на инфлација во 2021 година, како резултат на глобалниот раст на цените на храната и енергенсите, бележи нагорна ревизија, но е на умерено ниво од 2,2 проценти.

извор: МИА

Next Post

Заев за МИА: Европа чувствува дека мора да направи исчекор за Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk