ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Брисел ги знае нашите црвени линии – Ако го чепнете македонскиот идентитет и јазик тргнете нѐ од преговорите

May 20, 2021 11:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во однос на ветото од соседна Бугарија на пристапните преговори на Северна Македонија во ЕУ, премиерот Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг и новите прилики на политичката сцена во Бугарија по парламентарните избори од 4. април, истакна дека Брисел е запознаен со црвените линии и од нив нема отстапување, надеж дава португалското претседателство на ЕУ.

-Граѓаните треба да ја согледаат реалноста – Бугарија има техничка влада, но тоа не значи дека не треба да направиме сè да се најде решение. Мислам дека и за бугарската страна е добро да се изнајде решение. Граѓаните на изборите им порачаа дека политики кои носат непријателство, блокади и кочници не се поздравени и поддржани. Впрочем и претседателот Радев кој многу често зборува за европеизација, европските манири и слично, мислам дека треба да се повлече од вакви чекори. Не сакам да ги креваме нереално очекувањата па после пак да бидеме скршени, но оваа година треба да направиме пробив. Ние не зборуваме за следен чекор, туку за получекор – прва меѓународна конференција. Новината е португалското претседателство кое разработува цела една стратегија со која што ќе настапи пред Софија и пред Скопје. Верувам дека до крајот на оваа недела тоа ќе се случи. Ги знаат нашите црвени линии – бевме во Брисел и им рековме: Ако го чепнете македонски идентитет и јазик тргнете не од преговорите. За идентитет никој никогаш не разговарал. 22 јуни треба да има ГАК и да се донесе одлука за четирите меѓувладини конференции. За првпат за Северна Македонија и Албанија. Првата меѓувладина конференција е во рамките на нивното претседателство, што значи меѓу 22 и 30 јуни треба да ја одржиме и првата меѓувладина конференција, што е добро како амбиција, нагласи Заев.

Тој изрази надеж дека во Бугарија ќе се формира влада по изборите со која што ќе може да разговара.

-Но тоа не значи дека ние од септември треба да разговараме, ние и сега треба да разговараме. Двајцата претседатели ќе разговараат, на 26 мај се заедно во Ватикан. Ние преку португалското претседателство и Вархеји разговараме како влади. Очекувам до крајот на неделата министерот за надворешни работи на Португалија која што е претседавач со ЕУ и комесарот на одат во Софија и да дојдат тука и да соопштат решение на кое што работат веќе пет-шест месеци, вели Заев.

 

Next Post

На инфективните одделенија се лекуваат 240 пациенти

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk