ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Се зајакнува партнерството меѓу Постојаната канцеларија за координација на ОН и Народната банка

May 20, 2021 12:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка е една од институциите што придонесуваат за сигурен и квалитетен статистички систем, којшто е предуслов за водење релевантни политики, порача постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак на денешната прва средба во Скопје со гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска чија цел беше зголемување на меѓусебното разбирање за синергијата помеѓу улогите на Народната банка и тимот на ОН задолжен за земјата, во унапредувањето на одржливиот развој во нашата економија.

Постојаната координаторка на Обединетите нации Дуџак, информираат од НБ, се осврна на напредокот на Реформата на системот за развој на ОН, што на ниво на земја, ги поедноставува процесите, ја зголемува транспарентноста и ја подобрува колективната испорака на субјектите на ОН. Таа исто така информира за почетокот на Рамката за соработка меѓу ОН и Северна Македонија за периодот 2021-2025 и ги претстави значајните достигнувања на тимот на Обединетите нации задолжен за нашата земја во поддршката на развојната агенда на земјата, вклучително и во контекст на пандемијата на ковид-19. Дуџак беше особено заинтересирана за ставовите на гувернерката за економските перспективи на земјата и во контекст на улогата на Народната банка, за можностите за обезбедувањето поширок сет податоци и за улогата на приватниот сектор во финансирањето на развојот.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентира најновите макроекономски проекции на Народната банка и истакна дека Банката постојано ги приспособува сопствените стратегиски цели кон развојните цели. Во овој контекст, неодамна, Народната банка ги вклучи и целите за следење и управување со ризиците од климатските промени, фокусирајќи се на анализата на влијанието на ризиците коишто произлегуваат од климатските промени врз банкарскиот систем и на улогата на банкарскиот систем во поддршката на одржливиот развој, којшто меѓу другото се заснова и врз „зелена економија“. Со помош на овие активности, Народната банка ќе даде придонес во создавањето „зелена“ и одржлива економија, што во крајна линија би обезбедило повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за нејзините граѓани.

Постојаната координаторка на ОН на состанокот информира за техничката поддршка што ОН ѝ ја дава на земјата во развојот на сопствена и консултативна методологија за формулирање на Националната развојна стратегија за периодот 2021-2041. Таа изрази надеж дека Народната банка ќе биде активно вклучена во формулирањето на Стратегијата, кога ќе започне консултативниот процес.

Постојаната координаторка на Обединетите нации и гувернерката на Народната банка изразија цврсти заложби за продлабочување на соработката, заради унапредување на одржливиот развој на земјата и напредок во однос на Агендата 2030.

извор: MИА

Next Post

Изјави на Филипче и Холштајн (ВО ЖИВО)

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk