ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Труд на Народната банка: Спроведување на најавената среднорочна фискална консолидација и политики за побрз економски раст

May 20, 2021 15:58
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата силно ги погоди сите економии во светот и наметна потреба од голем фискален стимул, што доведе до проширување на буџетските дефицити и раст на јавниот долг во глобални рамки. Таков е случајот и со јавните финансии кај нас, со што во 2020 година дефицитот се зголеми на околу 8 отсто од БДП, а раст забележа и јавниот долг со нешто помал интензитет од интензитетот во ЈЕИ. За натамошна одржливост на долгот, клучно е доследното спроведување на најавената среднорочна фискална консолидација, но и спроведувањето политики за побрз економски раст. Тоа би довело и до подобрување на кредитниот рејтинг на земјата, што би било од големо значење за согледувањата на инвеститорите.

Ова, како што соопшти Народната банка,  се дел од заклучоците на трудот „Пандемијата и левериџот на јавниот сектор – дали има пандемиско реоценување на ставовите / ризиците? Случајот на Република Северна Македонија“, на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, вицегувернерката Ана Митреска и директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување, Билјана Давидовска-Стојанова.

Во трудот што денеска беше презентиран во рамките на научната конференција на тема „Предизвици на фискалната политика во периодот на пандемијата од ковид-19 и перспективи во посткризниот период“, во организација на Македонската академија на науките и уметностите и Министерството за финансии се наведува дека ова е особено важно во време кога сѐ повеќе се зборува за дивергентно заздравување на економиите ‒ побрзо заздравување на развиените економии и ризик од раст на каматните стапки на меѓународните пазари, што може неповолно да се одрази на малите економии што каде премијата за ризик е повисока.

Оттаму, како што стои во соопштението, клучниот предизвик е како да се постигне соодветна рамнотежа помеѓу потребата за поддршка на економијата и јакнење на фискалната позиција, бидејќи и двата аспекта се клучни за одржливоста на долгот.

Во рамките на презентацијата на трудот, по изложување на тезите и направените анализи, на Конференцијата е посочено на потребата од рационално искористување на јавните ресурси, за расходите коишто нема да имаат само краткорочни ефекти врз растот, туку долгорочно ќе го зголемуваат потенцијалот за раст на економијата и на буџетските приходи, а со тоа и ќе ја олеснуваат фискалната консолидација. Исто така, е посочено на потребата од насочување кон расходи со поголем фискален мултипликатор, особено капиталните инвестиции.

 Во трудот е нагласена и потребата од расходи коишто ќе придонесат за постпандемиска трансформација на економијата, имајќи ги предвид структурните промени коишто ги донесе таа или повеќе ги нагласи, пред сѐ во делот на дигитална, инклузивна  и зелена економија. Во тој контекст, трудот посочува и на расходите насочени кон трансформација на пазарот на трудот во согласност со трансформацијата на економијата.

извор: МИА

Next Post

Завршува рехабилитацијата на уште една важна делница, се вложува во квалитетна патна мрежа, подеднакво во сите региони од државата

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk