ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ФИТР и УНИЦЕФ го обновуваат партнерството за поддршка на младите при работа на иновативни еко-решенија

May 20, 2021 17:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Фондот за иновации и технолошки развој и Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) потпишаа нов тригодишен Меморандум за разбирање, со цел продолжување на поддршката за младинското социјално претприемништво – преку програмата UPSHIFT – при што младите ќе работат на еко-решенија за предизвиците на животната средина и климатските промени.

Програмата UPSHIFT е подготвена од страна на УНИЦЕФ за да се вклучат млади лица на возраст од 13 до 19 години во осмислување иновативни решенија за социјален проблем што го идентификувале во својата заедница. Целта е да се поттикне иновативно и креативно размислување кај младите, да се сфатат предизвиците со кои се соочуваат и да им се помогне да создаваат иновативни решенија во форма на производ или услуга. Освен тоа, на младите им се дава можност да развијат претприемачки вештини, како што се: управување со проекти, критичко размислување, тимска работа и успешна комуникација, но и да остварат нови пријателства.

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој Коста Петров, го поздрави продолжувањето на повеќегодишната соработка со УНИЦЕФ, посочувајќи дека преку менторската и финансиската поддршка која ја даваат, голем број талентирани деца  веќе се идни успешни претприемачи.

-Верувам дека вложувањето во млади е влог во генерација која ќе креира суштински и долгорочни промени. Фондот спроведува различни програми за најмладите бидејќи образованието, иновативноста и креативноста се главните предуслови за развој на просперитетна иднина на младите од нашата земја, изјави Петров, се вели во соопштението од ФИТР.

Во следните три години, соработката, се вели во соопштението, ќе се фокусира врз предизвиците на социјалните иновации за унапредување на спроведувањето на заложбите за животна средина и клима на ООН и ЕУ, како и на Зелената агенда за Западен Балкан. Ова опфаќа иницијативи во области како декарбонизација, климатски промени, енергија, обновување на еко-системите, одржливи системи за храна, циркуларна економија и други.

-Во својата суштина, климатските промени и деградацијата на животната средина се загрозување на детските права. Тој проблем ги поткопува најосновните права на децата за чист воздух, вода и храна. Сведоци сме дека ова е тема што длабоко ги засега децата и младите. Задоволни сме што ја продолжуваме соработката со Фондот за иновации и технолошки развој, а преку UPSHIFT, на младите им обезбедуваме можности за осмислување решенија на социјални иновации и претприемништво за решавање на климатските промени и заштитата на животната средина во нивната заедница, рече Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

Таа додаде дека кога им се дава можност да работат во тим, младите не само што наоѓаат решенија коишто ѝ користат на целата заедница, туку и негуваат развоен начин на размислување, интегритет и етос на јавна одговорност.

Преку обновеното партнерство, се вели во соопштението, ФИТР и УНИЦЕФ ќе организираат и ќе водат неколку циклуси на програмата UPSHIFT, а ќе обезбедат поддршка за Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието околу воведување на методологијата UPSHIFT во образовниот систем и ќе ги подготват наставниците да користат испробани практични наставни техники со кои на секој ученик ќе му се помогне да стекне преносливи вештини.

Програмата UPSHIFT комбинира работилници за социјални иновации со менторство, материјали и основни финансиски средства, оспособувајќи ги младите, така што започнува со локален повик за самоформирани групи од 13-19-годишници кои треба да осмислат иновативно решение за социјален проблем што го идентификувале во својата заедница. Панел од претставници на приватниот и јавниот сектор ги избира најдобрите идеи, а тимовите ги води ментор и учествуваат во работилница за осмислување дизајн и развивање на своите идеи. Програмата им носи корист на младите, но и на пошироката заедница преку креираните решенија.

извор: МИА
Next Post

Попладневен преглед: Итен надзор по вчерашната експлозија во поранешна Топилница во Велес, објавен оглас за 100 професионални војници, германска донација од 72.000 брзи антигенски тестови

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk