ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Шилегов за „Слободен печат“: Новата противпожарна опрема ќе биде симбол на Скопје како модерен град кој се грижи за сигурноста на своите граѓани и пожарникарите

May 22, 2021 13:04
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во својата колумна објавена во „Слободен печат“, укажува дека опремувањето и модернизацијата на Противпожарната бригада се спроведува во полна пареа како никогаш досега: „Заменета е 35 години старата аналогна телефонска централа со современа нова дигитална централа. Следниот месец ја очекуваме и новата противпожарна скала која ја набавивме со комплетна опрема. Без оглед на сите напади во јавноста, горд сум што токму пожарникарите одредија каква противпожарна скала му е потребна на Скопје. Заеднички со нив одлучивме да не штедиме на безбедноста на пожарникарите и на безбедноста на скопјани.“

Новата противпожарна опрема, според Шилегов, ќе биде симбол на Скопје како модерен град кој се грижи за сигурноста на своите граѓани и пожарникарите: „Со години пожарникарите се жалеа, дури и на Денот на пожарникарите, дека немаат услови да гаснат пожари и да спасуваат граѓани на повисоките катови од зградите. И покрај ветувањата на поранешниот градоначалник дека ќе им обезбеди таква опрема, тоа не се случи. Сетете се дека пред две години имавме во Кисела Вода пожар, кога ни гореше зграда, имавме луѓе кои беа заглавени со часови, затоа што градот во моментот немаше технички услови за спасување на луѓето од пожар на повисоките катови.“

Со дополнителната опрема, посочува Шилегов, ќе може да се евакуираат и луѓе зафатени од пожар на повисоките катови, а ќе може да се постави и корпа носилка за повредени лица: „Ако спасиме само еден живот на лице зафатено од пожар или превенираме повреда на еден пожарникар, ќе вредат сите пари кои ги вложуваме во модерната противпожарна опрема. Не станува збор за луксузна, туку за дополнителна опрема за многу ризични ситуации. Во дополнителната опрема имаме набавено и пумпа која извлекува илјадници литри во минута и која е потребна за „не дај боже“ ситуации како што беше поплавата во Стајковци, кога таква пумпа градот немаше.“

Next Post

Кристина Арнаудова: Растена сум во мултиетничко семејство, почитувањето на различностите се учи од дома (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

August 23, 2026

Нешто не е в ред со Вучиќ

August 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline само во книжарницата „Или-Или“

August 22, 2026

Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

August 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk