ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во Белград отворени Денови на Македонската култура со првата театарска престава на македонците во Србија

May 23, 2021 16:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Белград (Фото: Rade Dr. / Pixabay)

Share on FacebookShare on Twitter

Во Белград е отворена јубилејната 10 манифестација Денови на македонската култура „Допир на Македонија“ во рамки на која премиерно беше изведена театарската претстава „Ветер во тапетите“. Тоа е прва театарска претстава на македонската заедница во Србија реализирана во продукција на Здружението Македониум и Форумот на младите Македонци во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Целта на манифестација Денови на македонската култура е промовирање и афирмирање на македонската култура, традицијата, јазикот и обичаите во главниот град на Србија. Со оглед на коронавирусот, годинава имавме ревидирана програма. Но, сепак успевме да ги застапиме сите жанрови на културата, и со нашите сонародници, Македонци во Белград и со нашите белградски пријатели, да ги споделиме нашите дострели во културата, изјави Елисаета Ивановиќ, потпретседател на Здружението на Македонците во Белград „Македониум“, организатор на оваа манифестација.

Претставата „Ветер во тапетите“ изведена во Народниот театар во Белград на сцената „Раша Плаовиќ“, е двојазична, на српски и на македонски јазик. Сценариото и режијата е на Зоран Митровиќ, млад белградски глумец со македонско потекло. Заедно со својот колега Немања Симиќ тие ја водат публиката низ возбудлива театарска двојазична авантура, исполнета со комични и сетни елементи, а сосема природно и спонтано се приклучува и самиот менталиет на обичниот човек, припадник на српската и македонската националност.

-Мотив за преставата беше да ги урнеме бариерите кои постојат меѓу народите, не само меѓу македонскиот и српскиот, туку меѓу сите народи на Балканот, кои постојано се ѕидаат, постојано ги правиме. Ние со оваа двојазична престава сакаме да пратиме една порака дека бариери не постојат и дека бариерите се длабоко во нас, изјави сценаристот, режисер и актер на престава, Зоран Митровиќ.

Манифестацијата „Допир на Македонија“ во Белград продолжува наредната недела со свечена академија посветена на Св.Кирил и Методиј, со омаж на поетесата Душица Илин Шеќеровска, изложба на слики на Елисавета Георгиева Јордановска и со Деновите на македонскиот современ филм.

Next Post

Најмалку седуммина повредени и 130 упасени во тепачка на навивачи во Белград

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk