ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Лидерите на ЕУ бараат остри санкции против Минск и режимот на Лукашенко

May 25, 2021 09:34
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефовите на држави и влади на ЕУ вечерва се согласија дека Европската Унија треба да воведе низа рестриктивни мерки кон лица и ентитети во Белорусија поради приведувањето на опозиционерот Пратасевич и принудното слетување на авионот на Рајанер во Минск, јави дописничката на МИА од Брисел.

Текстот на лидерите на ЕУ, усвоен пред малку, повикува веднаш да биде ослободен Пратасевич и бара од Советот на ЕУ да усвои санкции кон инволвираните лица и ентитети во овој меѓународен скандал, како што го нарече претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел.

Режимот во Минск вчера принуди патнички авион да слета во Минск затоа што во него патувал Пратасевич со девојка му. Европската Унија смета дека ова е неприфатлив чин како поради опозиционерот така и поради загрозувањето на безбедноста на патниците во авионот.

Лидерите на ЕУ исто така бараат да се усвојат таргетирани економски санкции кон Белорусија, предлозите треба да ги поднесе шефот на ЕУ дипломатијата, Јосеп Борел.

Од сега ЕУ очекува од авиокомпаниите да го избегнуваат воздушниот простор на Белорусија и бараат од Советот на ЕУ формално да усвои забрана за прелетување на авионскиот простор над ЕУ за белоруските авиокомпании.

Од безбедносни причини дебатата помеѓу 27-те шефови и држави на ЕУ вечерва во Брисел се одржа во невообичаени сигурносни услови без присуство на мобилни телефони и електронски направи.

Дипломатски извори во Европскиот Совет брифираат дека текстот за Белорусија бил брзо усвоен од сите земји членки, со што ЕУ сака да испрати сигнал дека е обединета откако во последните месеци поделбите помеѓу земјите членки за клучни досиеја поврзани за надворешната политика значајно ја ослабеа Европската Унија – меѓу другото во однос на Русија и на Израел.

Дипломатите во ЕУ велат дека загриженоста на денешниот состанок била силна пред сè поради тоа што во прашање е безбедноста на европските граѓани кои биле присутни во авионот на Рајанер.

За потсетување ова не е прв пат да се изречат таргетирани санкции против лица во Белорусија, последен пат тоа се случи за време на протестите во оваа земја минатата година. Претседателот Александар Лукашенко е веќе на списокот на санкционирани лица во ЕУ.

Лидерите на ЕУ сега преминаа на дебата за Русија во истите безбедносни услови. Се очекуваат заклучоци подоцна во текот на вечерта, но на оваа тема останува отворено прашањето дали ќе се постигне истото единство со оглед на привилегираните односи на Русија со некои земји членки, највеќе Унгарија.

Next Post

Лукашенко потпиша нов закон - им се дозволува на властите да ги затворат медиумите без судски налог

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk