Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтер регистриран е во морето во близина на грчките острови Крит и Касос.
За сега нема извештаи за евентуална штета или повредени, јави грчката агенција АНА.
Земјотресот е регистриран нешто пред полноќ, на длабочина од 27 километри.
Епицентарот е забележан на 75 километри источно од местото Агиос Николос, односно на 377 километри југоисточно од Атина.
Земјотрес со јачина од 6,1 степен беше забележан кај Крит на 27 ноември.