ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Пладневен преглед: Oлабавување на мерките прифати и Кризниот штаб, државниот врв и дипломати на „Криволак“, германците повторно би инвестирале во Македонија

May 31, 2021 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Кризениот штаб ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за олабавување на мерките, маски на отворено нема да се задолжителни, присуство на публика на спортски натпревари кои се одржуваат на отворено до 30 проценти, организирање на свадби и веселби на отворено…

Речиси 70 отсто од сите инвеститори повторно би инвестирале во Северна Македонија. Тоа претставува солидна основа за понатамошен развој на германско-македонските економски односи, порачуваат германскиот заменик амбасадор Ото Граф и претседателката на Македонско-Германското стопанско здружение Мирјана Симоновска Ќука во заедничката изјава за анкетата за деловната клима во земјава што ја спроведува Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

Едната страна на компромисот со Бугарија е да не се договориме за сè, втората е таму каде што очигледно имаме заеднички интерес да направиме сè што можеме да имаме конкретен патоказ, со рокови, да го спроведеме Договорот за пријателство, вели вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров.

Ова е ден кога даваме уште една потврда дека по успешната прва година од членството во НАТО успешно ќе ја завршиме и целокупната воена интеграција во Алијансата, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со министерката на Црна Гора Оливера Ињац.

Министерот за здравство Д-р Венко Филипче  заедно со директорите на Институтот за трансфузиона медицина, како и раководителот на Служба за трансфузиона медицинa- Струмица, на претседателот на Владата Зоран Заев му врачија благодарница за личната донација на семејството Заеви за реновирање на оваа здравствена установа.

Во ФРОНТ, Жарко Трајаноски: Дали учебниците по историја можат да бидат причина за блокада од Бугарија на преговорите на Македонија со ЕУ?

РЕНДГЕН: Шерлок

 

На армискиот полигон „Криволак“ денеска ќе се одржат активности на Денот за високи гости на вежбата „Одлучен удар 21“ во рамки на кој ќе се презентираат офанзивни операции и активности на пешадиските и специјалните единици од армиите на Северна Македонија, САД, Грција и Бугарија, со поддршка од хеликоптери од воздухопловниот ВИНГ и воздухоплови Ф16 од вооружените сили на Грција.

Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 3 јуни виртуелно ќе го промовира зборникот „Конески на 11 јазици“ од Првата зимска школа на МСМЈЛК, којашто се одржа на почетокот на годинава и беше прва активност во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Познатата ирска пејачка Шинед О’Конор во својата  нова автобиографија „Сеќавања“ истакнува дека не се кае за ништо во животот, па дури ни за кинењето на слика со папата Јован Павле Втори во емисија на Ен-Би-Си пред речиси 30 години.

Новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ од зелено-левичарската коалиција „Можеме“, синоќа изјави дека гордо ќе го предводи градот кон подобра иднина, барајќи од граѓаните трпение, бидејќи промените нема да бидат брзи.

Ј. Ѓ.

Next Post

Пациентите почнаа да ги почитуваат термините за вакцинација во штипскиот пункт

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk