ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Костадинов: Следуваат инвестиции од околу 400 милиони евра во две фабрики за преработка на отпад

June 1, 2021 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев постојано покажува што значи силна посветеност и реализација на мерки и политики што значат развој на економијата, нови работни места и унапредување на животниот стандард, истакна пратеникот од СДСМ, Костадин Костадинов на денешната прес-конференцја.

Тој додаде дека во таа насока е и Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година.

„Како дел од овој план, предивена е голема странска инвестиција за фабрика за создавање енергија од цврст отпад.

Станува збор за инвеститор од Луксембург кој ќе инвестира 336 милиони евра за фабрика со плазма за согорување односно без кислородно согорување на високи температури.

Оваа инвестиција е во затворен систем без оџак и е целосно еколошка инвестиција.

Покрај фабриката, вкупната инвестицијата содржи и 100 комунални возила за собирање на смет, изградба на 11 претоварни станици и 11 збирни потстаници, 6.000 метални и пластични комунални контејнери, како и асфалтирање на патна делница од 5 км до село Дуброво во Општина Неготино.

Оваа инвестиција освен економски, содржи и еколошки аспект, односно претставува целосно и трајно решавање на отпадот на 74% од територијата на Северна Македонија или опфаќа 48 Општини.

Се работи за целосно странска приватна инвестиција, по пат на Законот за стратешки инвестиции.

Следува и отворање на фабрика за селектирање и преработка на отпад во Источниот и Североисточниот регион, во вредност од 37 милиони евра, средства од ЕУ. За целите на оваа инвестиција веќе е формирано заедничко комунално претпријатие за управување со депонијата односно со новата фабрика во Свети Николе.

Според предвиденото, стартот на изградба би започнала до крајот на годината а истата би опфатила огромен број општини од штипскиот и кумановскиот регион.

Само со овие две инвестиции во вкупна вредност од околу 400 милиони евра освен што отвораме нови работни места и го унапредуваме регионалниот развој, ставаме крај на деценискиот проблем со депониите во нашата држава.

Ова се инвестиции за нови работни места, но и за почиста и поздрава животна средина.

Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 е одлучен чекор преку кој градиме пат на раст и развој на македонската економија.

Ова е сериозен план за инвестиции во вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра кој ќе донесе силен рестарт на македонската економија.

Како одговорна партија, продолжуваме да креираме и реализираме мерки и политики за поддршка на економијата, за раст и развој на домашното стопанство, за подобар живот на сите граѓани.“, рече Костаднов.

Next Post

Потпишан меморандум за разбирање меѓу обвинителствата за гонење на организиран криминал и корупција на Северна Македонија и Албанија​

Shortcut

Најново

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026

Источноафриканска полифонија и електроника: Спектакуларните „Zawose Queens“ на завршната вечер на ОФФест

May 30, 2026
Фото: Википедија

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk