ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Промовирани кумот и здравичарот за Бадник 2020

– И годинава ќе направиме убав Бадник, најави членот на Одборот за традиционална прослава на Бадник, Мојсо Мојсовски.

December 11, 2019 13:29
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кум бадникар за 2020 година ќе биде претседавачот со Собранието на Стопанската комора и претседател на бордот на Ултра доо/Унет доо Скопје, Антони Пешев, а здравичар за Бадник ќе биде архитектот и раководител на Одделот за документација, конзервација и изложбена дејност во Музејот на Македонија, Климе Коробар, кој се занимава со културните случувања и промоција на културата на Скопје. Тие денеска беа промовирани на прес-конференција на Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.


– И годинава ќе направиме убав Бадник, најави членот на Одборот за традиционална прослава на Бадник, Мојсо Мојсовски.
На прес-конференцијата присуствуваше и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, кој им честиташе на кумот и здравичарот за нивниот избор. Потенцира дека традицијата трае повеќе од 20 години и додаде дека го радува што не само повозрасните, туку и се повеќе млади луѓе се вклучуваат во одбележувањето на Бадник.

Претседателот на Здружението, Ангел Георгиевски посочи дека на 22 декември напладне во месноста Краста на падините на Водно традиционално ќе се сечат бадникови гранчиња, кои на 6 јануари во 11 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ кога ќе започне одбележувањето на Бадник, ќе им бидат поделени на граѓаните.

Здравичарот Коробар рече дека Здружението веќе 28 години ја негува традицијата, која, како што посочи, е столб на културниот идентитет на македонскиот народ.

– Нека Новата година и Бадник донесе Македонија да исплива од овие матни води, за да имаме среќни и насмеани граѓани, да се надминат разликите кои постојат и да има разбирање меѓу луѓето, додаде Коробар.

Кумот Пешев истакна дека 2020 година е престапна година, а тоа што го прави малку повеќе среќен од сите претходни и идни кумови на Бадник, е што ќе биде кум на Бадник еден ден повеќе од сите нив. Тој на 6 јануари по одбележувањето на празникот пред Соборниот храм со пајтон ќе замине со преодниот ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, поздравен од своите сограѓани.

По завршувањето на прес-конференцијата, Миле Сирма, резбар потомок од познатата мијачка тајфа Мирчевци, подари дрворез за бадникарите, што го прими претседателот на Здружението, Георгиевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(АУДИО СНИМКА) Заев до Камчев - Друже Македонија мора да биде правна држава, да си пријавиш каде што треба

НАЈНОВО

ЕП ќе разговара за состојбата со демократијата и насилството врз демонстрантите во Србија

September 9, 2025

Мерц: „Империјалистичкиот план“ на Русија не би завршил со освојување на Украина, туку би бил само почеток

September 9, 2025

Земјотрес од 5,2 степени го погоди грчкиот остров Евија

September 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk