ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Проштална средба на вицепремиерот Димитров со австралиската амбасадорка Стјуарт

June 2, 2021 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со нерезидентната амбасадорка на Австралија во Северна Македонија, Рут Стјуарт.

Како што соопштија денеска од СЕП, Вицепремиерот Димитров ѝ се заблагодарил на австралиската амбасадорка во заминување за нејзината принципиелна и посветена работа во насока на промовирање и збогатување на пријателството и соработката меѓу Северна Македонија и Австралија и нивните народи, грижата за македонската дијаспора таму, како и придонесот за развој на споделените вредности.

– Демократските вредности и стремежи кон еднаквост, слобода и достоинство кои што ги делиме на билатерален план, нѐ сплотуваат и создаваат општествена поврзаност меѓу нас. Австралија е најуспешниот пример за мултикултурализам и промовирање на концептот на праведна шанса без оглед на културолошкото и јазично потекло, каде различностите се слават како најголеми придобивки. Нашата Македонија иако мала, отсекогаш била доволно голема за да ги обедини и да ги акомодира различностите и има заслужено место во европското семејство. Горди сме што нашата посветеност за негување на добри односи, градење внатрешна кохезија и владеење на правото, се препознаени не само регионално и во Европа, туку и на другите континенти, стои во соопштението од СЕП.

Амбасадорката Стјуард елаборирајќи ги постигнувањата за време на нејзиниот мандат, ги истакнала одлучните и зрели чекори на Северна Македонија за постигнување напредок во евроинтегративниот процес, како и подобрување на животот на македонските граѓани.

– Зајакнувањето на демократските институции и реформскиот процес во клучните области како што се владеењето на правото и борбата против корупција, се во насока на обезбедување стабилност, просперитет и благосостојба на државата и регионот, но се многу важни и за привлекување на интересот на австралиските компании за инвестирање во Северна Македонија и унапредување на билатералната и мултилатерална политичка, економска и културна соработка, рекла Амбасадорката Стјуард.

На средбата биле разменети мислења и за актуелните меѓународни случувања и напорите за надминување на пандемијата од КОВИД-19. Биле разгледани и можностите за интензивирање на односите во областите од заемен интерес што можат уште повеќе да ги доближат двете земји.

извор: МИА

Next Post

Во нашето мултикултурно општество не треба да постојат термините „наши“ и „ваши“

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk