Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се сретна со Рут Стјуарт, нерезидентен амбасадор на Австралија за Република Северна Македонија пред нејзиното официјално завршување на мандатот во Белград.
На средбата, соопштија од МВР, се потенцирала успешната соработка помеѓу Амбасадата на Комонвелтот на Австралија и Министерството за внатрешни работи која особено е олеснета со потпишувањето Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Австралија за соработка во борбата против тероризмот.

Министерот Спасовски изразил благодарност врачувајќи и плакета на амбасадорката Рут Стјуарт за досегашната успешна соработка и континуирана поддршка во модернизирањето на капацитетите на МВР на Република Северна Македонија.
извор: МИА