ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерството за одбрана и општина Карпош најтранспарентни

June 3, 2021 11:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините во 2021 година изнесува 63 проценти и е подобрена за пет процентни поени во однос на минатата година, покажува годишното рангирање на институциите според Индексот на активна транспаретност што го изработува Центарот за граѓански комуникации.

Министерствата и Владата просечно објавуваат 79 проценти од потребните информации што е минимално зголемување во однос на ланските 77 проценти, додека кај општините петта година по ред се забележува помала транспаретност од министерствата. Општините објавуваат 60 проценти од потребните информации што е за 5,5 проценти поени повеќе во однос на лани.

За првпат сега две институции и тоа Министерството за одбрана и општина Карпош имаат максимални 100 проценти транспаретност, односно ги објавуваат сите предвидени информации.

Најмалку информации, министерствата објавуваат за финансиите, а општините за прашањата од нивната надлежност.

Од регионите, на прво место е Источниот регион со 74 проценти транспаретност, а последен е Скопскиот регион со 49 проценти.

Од Центарот за граѓански комуникации информираат дека општините одговориле во просек за 17 дена на барањата за слободен пристап до информации, а министерствата за 16 дена, додека 39 проценти од институциите одговориле подоцна од законски предвидениот рок.

Од годинава, активната транспарентност е претставена на специјално изработената веб-страница www.aktivnatransparentnost.mk со преглед на сите опфатени институции, но и на индивидуалните резултати за секоја институција од 2016 годинава наваму.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамки на активноста „Јавно трошење за јавно добро“, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта е да се зголеми ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

извор: МИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Над 10.600 слободни места за прва година студии на УКИМ во 2021/2022

НАЈНОВО

УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

August 2, 2025
ВИ

Ројтерс: САД и НАТО развиваат нов механизам за финансирање на трансфер на оружје за Украина

August 2, 2025

Честитка од Гаши: 2 Агуст е симбол на историската борба за слободно, еднакво и демократско општество, темелни вредности на нашето заедништво

August 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мишко Ралев ‘прелета’ во тимот на Орце Ѓорѓиевски за Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сончогледите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова со реакција за преминот на Ралев: „Каприциозните мегаломански очекувања не смеат да ги прегазат принципите“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН објави конкурси за стипендии, подршка за 7880 ученици и студенти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk