ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шекеринска: Наместо да обвинува, опозицијата барем еднаш да помогне за националните цели

June 4, 2021 13:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со Софија разговараме како да го надминеме впечатокот кој тие го имаат дека спроведувањето на Договорот за пријателство не е на посакуваното ниво, и да добиеме поддршка за почеток на преговорите, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска, информира МИА.

-Мислам дека сите овие прашања се прашања коишто треба да ги поставите на луѓето коишто се вклучени во преговорите. Меѓутоа, мислам дека тие веќе ви дале одговор. Дискутираме како да го надминеме впечатокот кој го има Бугарија дека спроведувањето на Договорот за пријателство не е на нивото кое што го посакуваме, но најважно од се дискутираме како да ја добиеме и нивната поддршка бидејќи останатите држави членки на ЕУ се сложни да ги почнеме преговорите и да се организира првата меѓувладина конференција, вели министерката Шекеринска.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од опозицијата за национално предавство, таа посочи на изјавата на премиерот Зоран Заев дека идентитетските прашања не се на масата на разговори со Бугарија.

-Премиерот имаше многу јасна изјава дека темите коишто се однесуваат на нашиот идентитет, прашањето од типот на македонски јазик, македонски идентитет не дозволува да бидат ставени на масата за преговори. Но, за сите други прашања коишто значат добри меѓусоседски односи и кои можат да ни ги отворат европските врати сме подготвени да дискутираме затоа што имаме доверба во себе, во нашата држава, во нашата историја и во нашиот идентитет, рече Шекеринска

Според неа, четири години ги слушаме обвинувањата, а после четири години можеме да кажеме дека државата успеа во својот прв стратешки приоритет да стане членка на НАТО и, вели, во овие турбулентни времиња кога многумина не плашат со промени на граници, со нон пејпери да обезбедиме на нашите граѓани и на нашите институции чувство за безбедност и сигурност.

-Наместо обвинувања, мислам дека би било корисно опозицијата барем еднаш да се потруди да ги помогне овие национални цели. Затоа што лесно е да се престроите пред Владата, пред Собранието кога ќе се дига знамето на НАТО, ама тешко е тоа да го сработите. Лесно е денеска да обвинувате, тешко е да помогнете. Денеска сме членка на најмоќната Алијанса. Денеска сме држава во која новинарите веќе не се плашат ниту да поставуваат прашања, ниту да ја критикуваат владата. Денеска сме држава со најголема транспарентност во нашиот регион и тоа не е дело на национално предавство, туку тоа е дело на луѓе коишто сакаат државата да ја направат подобра од што била вчера. Затоа мислам дека и граѓаните се заморени од обвинувања, сакаат да видат акција, а таа акција да не биде спротивна туку во полза на интересите, вели Шекеринска.

Next Post

Заев негира дека СДСМ и ДУИ договариле заеднички кандидат за градоначалник

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk