ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи се сретна со младите аналитичари од тинк-тенк заедницата

June 4, 2021 14:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со млади аналитичари од различни тинк-тенкови и организации во земјава со цел размена на мислења и отворање дискусија за улогата на младите во изработката и имплементацијата на Стратегијата за надворешна политика.

Како што соопшти МНР, средбата е во рамки на проектот „Рефлексија 2030“ и со тоа официјално почна реализација на првиот столб на „Рефлексија 2030“ или широките граѓански консултации со заинтересираната јавност.

-Денешниот настан е првиот во серијата настани после инаугурацијата на Стратешкиот совет за надворешна политика, што само по себе зборува за важноста што ја придаваме на сегментот млади истражувачи и на амбицијата за нивно засилено вклучување во процесите на креирање на политики и носење на одлуки, истакна министерот Османи. Додаде дека придонесот на младите од тинк-тенк заедницата ќе биде од огромно значење во утврдување на приоритетните цели на Стратегијата и нивната реализација.

-Визијата на вашата генерација за тоа каде и какво општество сакате да видите во наредните 10 години, а пред се, вашето експертско поимање на одделните политики на ЕУ, но и софистицираните процеси и динамики на мултилатерализмот, ќе ни помогнат во исцртување на различните сегменти во Стратегијата, нагласи Османи.

Претставниците на тинк-тенк заедницата, како што се наведува, ја поздравија иницијативата „Рефлексија 2030“, преземајќи обврска да одговорат со широк придонес во рамки на создавањето на десетгодишната стратегија. Тие изразија благодарност за интересот за вклучување на новите генерации во утврдувањето и реализацијата на приоритетните цели на Стратегијата за надворешна политика со цел зајакнување на позицијата на државата како одговорен и активен чинител во меѓународните односи.

Покрај министерот Османи, на денешниот граѓански состанок присуствуваа и дел од членовите на Стратешкиот совет, чија улога и експертиза кореспондира со младинските политики и воопшто улогата на младите во политиката.

извор: МИА

Next Post
Зоран Заев (фото: Кирил Михаилов)

Заев за ребалансот на Буџетот: Ќе се крати од таму каде што се троши најнепродуктивно

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk