Антикризните мерки за заштита на стопанството од Ковид-19 кризата даваат резултати. Потврда за тоа е податокот кој денеска го објави #ДржавниотЗаводЗаСтатистика дека невработеноста е на најниско ниво досега од 16%
Во првото тримесечје од 2021 година порасната е и вработеноста во однос на претходниот квартал и изнесува 47,1%, како и активното население кое изнесува 56%. Во споредба со претходниот квартал:
➡️ бројот на вработените лица е повисок за 3.569 лица;
➡️ бројот на невработените лица е помал за 1.129 лица;
➡️ вкупното активно население е повисоко за 2.440 лица.
Во насока на подобрување на адекватноста на работната сила на побарувачката на пазарот на труд, од буџетот секоја година издвојуваме повеќе средства за активни мерки за вработување.
Проекциите на Министерство за финансии/Ministria e Financave/Ministry of Finance од најновата #ФискалнаСтратегија велат дека до 2026 година стапката на невработеност ќе се намали на 8,6%, додека стапката на вработеност ќе се искачи на 54,3%. објави на својот фејсбук профил Димитар Ковачевски.






