Турција ќе и донира 30 илјади вакцини Синовак на Република Северна Македонија. Министерот за здравство Венко Филипче за ова информираше со статус на неговиот Фејсбук профил. Тој вчера заедно со премиерот Зоран Заев беше во еднодневната работна посета на Турција.
Општините, министерствата и Владата стануваат транспарентни институции. За 18 проценти е зголемена нивната активна транспарентност споредено со 2016 година, односно нивната транспарентност изнесува 63 отсто, за разлика од 2016, кога била 45 проценти.
Императив во кризата ни беше да ги сочуваме работните места. Успеавме да спасиме отприлика 80 илјади работни места. Имавме пад на БДП од 4,5 проценти, а ако не беа мерките, нашиот пад би бил 8,7 проценти. Мерките ги дадоа очекуваните резултати, оценува вицепремиерот за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервју за МИА.
После подолго време во државава, под 1000 е бројот на активни случаи позитивни на корона вирусот, но речиси двојно повеќе беше вчерашната бројка на нови случи позитивни на Ковид-19 за разлика од претходниот ден кога беа регистрирани 16 лица.






































































































