ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Бесими: Фискален стимул за стопанството со цел заздравување на економијата

June 7, 2021 15:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Фатмир Бесими. Фото: МИА

Фатмир Бесими. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Финансиската поддршка за стопанството е исклучително важна за заздравувањето на економијата, заради што фискалниот стимул од државата мора да продолжи. Ќе се настојува новите мерки да поттикнуваат и нови инвестиции, проширување на капацитетите и нови вработувања, порача министерот за финансии Фатмир Бесими на конференцијата „Balkan Business Week“, на тема „Економска ситуација на Балканот 2021-2022 (Можности и перспективи)“, во организација на Институтот за бизнис и менаџмент Хајделберг во Скопје, во коорганизација на Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ), која почна денеска и ќе трае до 11 јуни.

Притоа тој потенцира дека во оваа насока се и препораките на Меѓународниот монетарен фонд и оти истото се спроведува од страна на економиите во светот, но и во регионот, поточно во Словенија, Србија, Црна Гора и Косово, каде што годинава, исто како и во нашата држава, беа донесени нови пакет-мерки, со цел поддршка на стопанството и граѓаните.

Истовремено, Бесими нагласи дека брзината на опоравување на глобалната економија најмногу ќе зависи од дополнителната фискална поддршка во големите економии и брзината на вакцинацијата во текот на годината.

Во однос на економијата на Република Северна Македонија, рече тој, високофреквентните податоци на Државниот завод за статистика веќе даваат знаци дека опоравувањето е започнато. Внатрешна трговија во првите три месеци од 2021 година покажуваат номинален раст на прометот од 2,9 отсто, градежните работи во првото тримесечје од 2021 година бележат номинален раст од 4,6 отсто, а индустриското производство во првите четири месеци од 2021 година забележа раст од 3 отсто, со тоа што во април е регистриран висок годишен раст од 46,1 отсто. Исклучително поволни движења се забележуваат кај преработувачката индустрија во април, каде што е регистриран раст од 64,3 отст, особено производството во ТИРЗ, каде што има неколкукратно зголемување на производството на машини и уреди, електрична опрема и производство на автомобили, приколки и полуприколки.

– На среден рок, насочени сме кон решенија што ќе го забрзаат растот, кој изминатата декада, пред кризата, се движеше околу 2,5 отсто. Наша цел е да се забрза економскиот раст, и на среден рок стапките на растот да надминуваат 5 отсто. Тоа е планирано да се постигне преку креирање поконкурентна деловна клима, извозно ориентирана, со силна поддршка на претприемништвото и иновациите, подобрување на пристапот до финансии и адаптацијата на технологиите, модернизација на секторите каде што имаме компаративна предност, даночна реформа, сузбивање на сивата економија, дигитализација на економијата, развој на човечките ресурси преку инвестиции во образованието, науката и здравството, мерки за поголема активност на работоспособното население и ориентација кон „зелена економија, истакна министерот Бесими.

На конференцијата свое обраќање имаа и гувернерката на Народна банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вицепремиерот Фатмир Битиќи, претседателот на ФОРУМ Институтот за менаџмент Хajделберг, Германија, Улрих Цaјтел, претседателот на Комитетот за одбрана на германскиот парламент и член на Бирото на парламентарното собрание на НАТО, Карл Ламерс и генералниот директор и претседател на УО на директори на Стопанска банка, Диомидис Николетопулос. Конференцијата беше одржана во организација на Институтот за бизнис и менаџмент, Хajделберг – Скопје  и Академијата за банкарство и информатичка технологија (АБИТ).

извор: МИА

Next Post

Во Белград средба на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Мојсовски со министерот за спорт Удовичиќ

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk