ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Од денеска субвенција за вграден плински уред во возилата понови од 2005 година

June 8, 2021 08:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните кои од денеска ќе вградат уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18 илјади денари, односи 300 евра.

За оваа намена Министерството за економија денеска ќе објави јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците што ќе трае 60 дена и ќе се одвива по принципот „прв дојден прв услужен“. Надомест на дел од трошоците ќе се врши за само едно возило во едно семејство. За оваа мерка од Буџетот на Министерството за економија се предвидени 11 милиони денари или 178.000 евра со што ќе можат да бидат опфатени околу 600 граѓани.

– За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму треба да извршат купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, по денот на објавувањето на јавниот повик во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди. Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката, објасни вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

Во МВР, појасни, на сопственикот ќе му се издаде упатница која треба да ја достави до техничката служба за да биде направена проверка на направената преправка. Техничката служба го прегледува возилото,  изготвува записник и издава потврда за сообразност на вградениот уред и пропратно писмо. Со потврдата и писмото сопственикот се упатува на шалтер на МВР каде добива нова сообраќајна дозвола во која е евидентирана преправката, односно дека е монтиран уред за погон на ТНГ, метан или слично.

Откако граѓанинот ќе ја добие новата сообраќајна дозвола во која е внесена измената на погонското гориво за пријавување на јавниот повик во архивата на Министерството за економија треба да достави пополнето барање и изјава од подносителот, фискална сметка со сметкопотврда, копија од сообраќајната дозвола за возилото заверена на нотар во која е евидентирана промената, фотокопија од лична карта и број на трансакциска сметка, каде Министерството за економија ќе ги уплати средствата од субвенцијата.

Оваа мерка првпат беше спроведена во 2019 година кога беа субвенционирани 731 граѓанин кои вградија вакви уреди во своите возила. Минатата година оваа мерка не беше спроведена заради пренамената на предвидените средства за поддршка на најпогодените граѓани и компании од ковид кризата./МИА/.

Next Post

Наодите од анализите за увезениот мазут ќе бидат објавени денеска или утре

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk