ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Помалку од 500 активни ковид случаи во државата

June 10, 2021 08:18
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава се намалува, активни се 451  случај, а вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено во сите пунктови.

Во текот на вчерашниот ден пристигнаа 30.000 вакцини „Синовак“, како донација од Турција. Тие, како што најави ресорниот министер Венко Филипче, во најбрз рок ќе бидат дистрибуирани до вакциналните пунктови во државата.

Во објава на Фејсбук Филипче изрази голема благодарност до Република Турција и претседателот Реџеп Таип Ердоган за поддршката, но пред се, за експресната испорака на ветената количина.

Од МЗ истакнуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Досега вкупно 444.898 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“.

Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина,  42 отсто од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина и 35 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Согласно Националниот план за имунизација се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата „vakcinacija.mk“, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Бројот на новозаболени од вирусот и вчера беше двоцифрен. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 28 случаи на заболени од Ковид-19. Пет лица починаа, а оздравеле 23 пациенти. Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, вчера беа направени вкупно 2.619 тестирања, а регистрираните нови случаи се од Скопје – 16, Куманово – девет Тетово – двајца, и еден во Прилеп.

Според податоците што ги објави вчера МЗ за претходното деноноќие, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 125 и има околу 500 празни болнички кревети во ковид центрите. Во ковид центрите во Скопје немало хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а 48 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град. Во ковид центрите во болниците низ земјава, пак, е пријавено дека се лекуваат вкупно 77 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 155 469. Бројката на оздравени пациенти е 149 551, а починаа 5 467./ МИА/.

Next Post

Учениците на распуст, надлежните ќе решаваат како ќе продолжи наставата од септември

Shortcut

Најново

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

June 7, 2026

Филибек: СДСМ го трасираше патот кон европската интеграција, иднината на Северна Македонија е во ЕУ

June 7, 2026

Алиу: Првото психолошко советувалиште за деца и адолесценти отвора нов пристап кон менталното здравје

June 6, 2026

Филипче: На што ќе се вади сега Мицкоски после пораките на Мерц и Макрон?

June 6, 2026

Случај „Мазут“: Може ли да има кривично дело ако нема утврдена штета?

June 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  •  „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk