ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Министерката Царовска градоначалникот Илијев во посета на ОУ „Крсте Мисирков“ во Оризари

June 11, 2021 16:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев денеска направија увид во завршените градежни работи за реконструкција на кровот на ОУ „Крсте Мисирков“ во населбата Оризари.

– Секогаш ми е чест кога сум во Кочани, затоа што тука има едно водство коешто оставрува резултати и директори коишто секојдневно водат грижа за секој сегмент од образовниот процес. Не само што инфраструктрно се вложува во сите училишта во општина Кочани, туку исто така и во наставниот кадар и во дидактика, во сѐ што значи подобрување на условите за учење – истакна Царовска.

Градоначалникот Илијев упати благодарност за поддршката од ресорното министерство за подобрувањето на просторните и други услови во образовните институции во општина Кочани, со што тие максимално ги исполнуваат потребите за нормално реализирање на наставниот процес.

– Целта е да покажеме во каква состојба се нашите објекти, опременоста и да ги видиме потребите од промена во следниот период. Сметам дека на овој начин може да се видат разликите во однос на она што го работиме, но и задачите што ни претстојат. Во ОУ  „Крсте Мисирков“ неодамна заврши санацијата на кровот на училишната зграда. Ова е уште еден убав пример и патоказ дека кога има добра соработка меѓу централната и локалната власт, проблемите подобро и полесно се решаваат. Со оваа пракса ќе продолжиме и понатаму сѐ со цел да овозможиме нашите училишта да бидат на ниво на исполнување на задачата за која се основани, а тоа е добар образовен процес – изјави градоначалникот Илијев.

Преку проектот на Министерството за образование и наука „Реконструкција на средни и основни училишта“ беа инвестирани околу 4,5 милиони денари со кои наместо старите азбестно-цементни плочи поставен е нов кров од профилиран пластифициран челичен лим. Исто така, заменета е и оштетената носечка дрвена конструкција.

Директорката  Соња Иванова соопшти дека претходно во училиштето во Оризари, со средства од Министерството за образование, беа реконструирани тоалетите на двата ката, а со сопствени средства во старата зграда се заменети прозорците, подот, таванот, осветлувањето и надворешната фасада. Во подготовка се проекти за термофасада на целата зграда и за решавање на загревањето на училишната спортска сала.

Министерката Царовска истакна дека во изминатиот период се водеше голема дебата за потребата од обновување на системот за основно образование и негово реформирање.

– Со она што ќе значи нов почеток од септември, во прво и четврто одделение, согледуваме дека училиштата се подготвуваат или веќе се подготвени. Тоа значи, со обука на наставниот кадар што тече во континуитет, но и со опрема што е потребна во училниците за во овие одделенија да може да се одвива интерактивната настава. Се трудиме максимално да вложуваме во сите елементи што се потребни и чест ми е што токму овде можеме да ги видиме резултатите од тоа –  додаде министерката Царовска.

Градоначалникот и министерката направија обиколка на неколку училишта во Кочани, каде беа претставени реализирани проекти.

Next Post

Филипче: Вчера се вакцинирале 10.065 граѓани

Shortcut

Најново

Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

November 11, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

November 10, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Правосудниот испит нова линија на судир во Владата: Се отвора ли патот кон предвремени избори?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граѓанските организации бараат мораториум на свеченостите за „16 дена активизам“: Наместо симболика, итна институционална одговорност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јубилејниот 15-ти „Виноскоп“ од утре во Градскиот парк во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали Лабудовиќ отвара идеја за урбанизација на Водно и нови кафеани?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk