Прекинат е фудбалскиот натпревар на Европското првенство меѓу репрезентациите на Данска и Финска, поради повреда на еден од фудбалерите. Фудбалерот Кристијан Ериксен во текот на играта колбираше и неколку минути службите на Брза помош го реанимираат играчот на Данска на фудбалскиот терен. 29 годишниот дански фудбалер Ериксен е играч на фудбалскиот италијански клуб Интер.
Се уште не се знае здравствената состојба на Ериксен.
Извор: Канал 5