ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Слону мој, те обожавам!

June 13, 2021 12:03
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Со различни брзини светот патува кон непознатото, неизвесно и, веројатно, опасно постоење. Со ракети и блокади, со ериксенски срца што пукаат од возбуда и напор и со брбошки што овцата на Историјата ги сере по улиците скопски и струмички. Да, и со мали брадести говна што се цедат од шупакот на Еволуцијата за да ја покажат нејзината грешност.

На аукција за 28 милиони долари, во саботата беше продадено третото место во ракетата со која милијардерот Џеф Безос ќе отпатува на прошетка во вселената. Второто место ќе биде зафатено од задникот на неговиот брат. Ракетата Њу Шепард ќе биде лансирана на 7 јули од Тексас.

Шефот на Амазон и основач на Блу Ориџин се натпреварува во освојувањето на вселената и во организацијата на првите комерцијални летови со Илон Маск и Ричард Брансон. На тој список нема аспиранти од Македонија. Луѓето тука или ја продаваат земјата или премногу ја сакаат, ги боли таквото за вселената, тука се живее под паролата “Македонија убер алес, унд унтен алес, унд генезис фон Q катитца”

Хахаха!

„Погледот врз Земјата од вселената ве менува. Го менува вашиот однос кон оваа планета и кон човештвото“, рекол Безос во видео порака пред аукцијата.

Идентитетот на личноста која платила 28 милиони долари за вселенскиот билет број три, не е објавен, но се шушка дека, сепак, е од Северна Македонија.

И има иницијали Б.Т.

Офаманаман разбра, дека нашиот човек ќе патува, имено, за да го смени погледот врз планетата и врз човештвото. Конечно, и врз себе и својата непосредна околина. Врз Македонија, која му стои на сите хоризонти и му го блокира погледот.

Од барикадите пред Собранието во Скопје, тоа не е можно.

Низ призмата на таканаречените национални интереси што ги бранат чипирани идиоти, тоа не е можно.

Со гледање на радиоактивни телевизии кои развиваат тешки оштетувања на мозокот и во душите на овдешните граѓани, тоа не е можно.

Точно дека картата за вселената е скапа. Но, ако благовремено и во убави коњунктурни моменти продадете нешто од националните интереси, можете со три-четири кила интереси да се вртите неколку дена околу Земјата. И, во моментите кога ќе минувате над Македонија, да им се измочате на скотовите што ги блокираат крстосниците.

Еден тип ми вика: Тричко, па ако ти со три-четири кила национални интереси можеш три дена да шеташ по вселената, Заев може да шета дур е жив.

Па и потоа, му викам, со тоа што во случај човекот да остане во вселената и по смртта, тоа ќе се вика вселенизација. Глупаво е да се вика погреб. Човек ќе може да се вселенизира цел или да се сомеле па да се фрли од џамот на ракетата како ѕвездена прашина. Која ќе свети и ќе може да се гледа од пред Собранието кога е ведро, односно кога нема да ја има вморонската магла во која Македонија знае да биде окована.

Не мора да си Ериксен или да си Данец па да ти се случи да паднеш пред своите родители, пред својата девојка, пред навивачите и соиграчите. На секој што има срце, што се бори во животот, што брка некакви цели, вложува огромни напори, воспоставува вистинска и реална комуникација со луѓето и со светот, тоа може да му се случи. Во областа на фудбалот ризикот го зголемуваат ФИФА и УЕФА, кои заедно со сопствениците на клубовите, во битката за профити, не ги оставаат врвните фудбалери без натпревари и додека ручаат. Наскоро ќе гледаме како фудбалерите, како сега велосипедистите, земаат гелови затоа што секој ден ќе треба да играат по три натпревари без можност да седнат ко луѓе да јадат во некој ресторан, затоа што телевизискиот ритам тоа нема да го дозволи. Ќе има многу случаи како овој од сношти во Копенхаген. Како и да е, на Ериксен, тоа прекрасно момче и страшен фудбалер, му посакуваме брзо оздравување.

Зборот ми беше дека не може да падне скот кој блокира некоја крстосница.

Од што да падне: срце нема, душа нема, има мало мозоче, но целото измиено во варикина, бело, ги брани националните интереси, кои национални интереси, моите, море марш, бре, да ти ги ебам интересите да ти ги ебам.

И, така, драги мои, можеби претерувам.

Ако ги почнеме преговорите со Европската унија, можеби некој скот ќе падне. Но не од возбуда или од премореност, не поради дупката што во срцето ќе му го остави отсуството на Q генезата, хахаха, туку затоа што ќе почне кинењето на конците со кои се поврзани со шефот на парадата.

И покрај сите напори на вмро, Македонија оди напред, му бега на комитлакот како риба од рацете, ја остава својата вмровска наметка и се преслекува како змија, се качува на слонот на Историјата и патува во новото време. И гледа колку вмронски мравки ќе бидат згазени. Па уште му вика на елефантот: ало, лево, пола метар лево, ги гледам Жмицко и Лигњата, удри еден чекор лево, како во Пасо добле, слону мој, те обожавам.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk