ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Во театарот во Стоби не може да има претстави, се додека старите мермерни седишта целосно не се реставрираат

June 15, 2021 17:20
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Мермерните блокови-седишта на западната половина во театарот во Стоби сите се распукани и се распаѓаат тоа е страшно и не е безбедно за публиката да дојде на претстава во Стоби. Археологот од НУ Стоби м-р Гоце Павловски предупредува дека тие не се направени на падина како во Охрид и Хераклеа, туку под нив имаат радијални ѕидови чијашто статика во изминатите две илјади години е разнишана.

– Пропаднати се седиштата, па не дај боже и при помал земјотрес додека се одржува некаква престава во Стоби, седиштата може да паднат внатре и може да има и жртви. И не мора да е земјотрес под тежината на публиката едноставно може да пропаднат и затоа не е безбедно да има претстави во театарот во Стоби, предупредув м-р Павловски.

Тој истакна дека годинава и Фестивалот на античка драма, кој лани изостана поради пандемијата, ова лето ќе се одржува на други локации во Стоби. Воедно појасни и дека кога во изминатите години се одржуваше Фестивалот на античка драма, во театарот во Стоби тој се одржувал во многу несигурни услови и под голем ризик за уништување на објектот.

Предупредува  дека таму оригиналните блокови од мермерните  седишта се распаѓаат и се пропаднати и таков објект според него не би требало воопшто да биде ставен во фунција за модерни настани затоа што, како што вели, со тоа се оштетува самиот објект.

Ваквата информација дека Фестивалот на античка драма во Стоби ќе се одржува, но не во театарот во Стоби за МИА ја потврди и в.д директорот на велешкиот театар Сашо Димоски.

Тој најави дека Фестивалот на античка драма ќе се одржи во август на неколку други локации во археолошкиот локалитет Стоби. Димоски не откри повеќе детали за Фестивалот, само посочи дека тој ќе биде меѓународен и деталите ќе ги соопшти наскоро на прес-конференција.

Археологот м-р Гоце Павловски информира дека за враќање на публиката во Стоби, Владата како капитален проект преку Министерството за култура треба да издвои два милиони евра со кои средства  театарот ќе се конзервира и ќе се заштити, а дури потоа може да се размислува за негова ревитализација.

Павловски  потсети дека истражувањата во театарот во Стоби се започнати во 2009 година, а првите конзервации започнуваат во 2013 година.

– Во периодот 2013-2016 паралелно со конзервацијата ние комплетно ја истраживме источната половина од централниот циркуларен коридор. Во периодот од 2016-2018-2019 беше комплетно реставриран сводот на тој коридор. Во 2016 година се префрлија истражувањата во горниот дел од источната половина на гледалиштето, односно во радијалните коридори под седиштата од тој  горен  дел на гледалиштето. Тие коридори служеле за циркулација на публиката, појасни Павловски.

Додаде дека фасадата на театарот била како  на фасадата во Колосеумот со аркади на два ката. Публиката прво влегувала во еден надворешен циркуларен коридор, преку кој стигнувале во радијалните коридори. Од тие радијални коридори воделе скали до самите седишта.

– Целта на истражувањето годинава  е да се отворат тие скали и да се отворат повеќе и ѕидовите и конзервацијата да продолжи. Инаку тие ѕидови ги конзервираме од минатата година 2020 и продолжува и оваа 2021 година, појасни археологот м-р Павловски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk