ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ружиќ – Царовска: Подобрување на научната и образовната соработка и образованието на националните малцинства

June 15, 2021 17:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за образование и наука на Северна Македонија, Мила Царовски и вицепремиерот на Владата на Србија и министер за образование, наука и технолошки развој, Бранко Ружиќ, денеска имаа средба во Белград на која разговарале за подобрување на научната и образовната соработка и образованието на националните малцинства, за чиј статус треба да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.

На прес-конференцијата, двајцата министри посочија дека билатералните односи меѓу Србија и Северна Македонија се подобруваат, но и дека има простор за подобрување на соработката во областа на образованието и националните малцинства.

Министерката Царовска на средбата со Ружиќ ја истакна важноста од дигитализацијата низ која поминуваат образовните системи на двете земји и се согласи дека програмите на европските фондови се важни и за Северна Македонија и за Србија.

– Сметам дека двете држави се соочуваат речиси со исти предизвици во делот на унапредување на квалитетот на образованието.Сведоци сме дека пандемијата предизвика потреба за брза дигитализација и подготовка за идни вакви предизвици. Ако продолжиме да ја интензивираме нашата соработка, заеднички ќе можеме да учиме од нашите искуства и да градиме резистентни образовни системи. Наскоро ќе ја потпишеме нашата соработка, која ќе ги содржи сите оние идни програми преку кои ќе може да аплицираме во европските фондови, изјави Царовска на прес – конференцијата.

Таа посочи дека има простор за подобрување на образовната и научната соработка и дека двете министерства веќе работат на новата програма за соработка за следниот период, соопштија од српското министерство за образование.

Министерот Ружиќ посочи дека во интерес на двете земји е заеднички да се појават со стратешки проекти пред програмите на ЕУ, како што се Хоризонт, Еразмус и слично.

-Нашата шанса се и регионалните иницијативи што можеме сами да ги дизајнираме и покренеме, со цел да го направиме целиот наш регион попривлечен за истражување, изјави министерот Ружиќ.

Next Post

МИОА: Поттикнуваме инвестиции во ИТ секторот

Shortcut

Најново

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

August 10, 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026

СДСМ обвинува за погрешено знаме на прославата, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека е уметничка инсталација

August 10, 2026
Гасење пожари (архивска снимка, извор: ФБ страница на ЦУК)

Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Им симнувам капа на РКМ“: Сведочења за случајот „Мазут“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk