ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Даскалов: Во Пејпар Мил продолжува инвестицискиот циклус во нови технологии, вработувања и проекти за заштита на животната средина

June 16, 2021 10:46
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По официјалното рестартирање на Пејпар Мил од Кочани, менаџмeнтот на компанијата најавува нови инвестиции. По поставувањето на новиот филтер, резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот на меѓународната акредитирана лабораторија SGS, согласно методи одобрени од Државниот инспекторат за животна средина, покажаа вредности на количество на прав во димните гасови до 40 пати пониски од пропишаното. Тоа беше и еден од предусловите за рестартирање на единствената фабрика за рециклирање на хартија во РС Македонија, по што на работа се вратија сите 120 вработени.

„Сега речиси целосно е елиминирано влијанието на процесот на рециклирање и производство на хартија во нашата фабрика врз квалитетот на воздухот. Сосема е сигурно дека инвестицијата од над 55 илјади евра се исплатеше и го даде посакуваниот резултат – трајно решение фабриката да работи непречено и да обезбеди чиста и здрава околина за сите.“ – изјави Јулијан Даскалов, Генерален директор на Пејпар Мил.

Од компанијата посочуваат дека во изминатите пет години по преземањето на фабриката во Кочани имаат вложено над 8 милиони евра во унапредување на технологиите за заштита на животната средина, подобрување на квалитетот на производите, како и зголемување на капацитетот, со посебен пристап кон чистите технологии и адаптација за рециклажа. Пајпар Мил продолжува со инвестицискиот циклус. За оваа година предвидено е завршување на последната трета фаза од пречистителната станица, инвестиција од 300.000 евра со која суспендираните материи ќе имаат значително подобрување – повеќе од двојно од дозволените граници, а БПК5 и ХПК параметрите ќе се подобрат за три пати. Од менаџментот истакнуваат дека во следните 2 години планирани се инвестиции од 2 милиони евра во двојно зголемување на капацитетот на производство, со што ќе се зголеми потребата за собирање и рециклирање на отпадна хартија на околу 30.000 тони на годишно ниво, што е практично целата количина која се собира во Република Северна Македонија.

„Со самото зголемување на капацитетите, Пејпар Мил би го зголемил и бројот на вработувања за 5 до 7% во текот на наредните две години. Дополнително, планираме и таканаречена вертикална интеграција – инвестиција од 3 до 5 милиони евра со која би се овозможило создавање и производство на нов производ, а со што дополнително би се зголемил и бројот на нови работни места.“ – истакнува Даскалов.

Пејпар Мил како инвеститор има значително социо-економско влијание на локално и национално ниво како работодавач и во економијата, а кон тоа, Пејпар Мил како единствен рециклатор на хартија е значајна алка во процесот на рециклирање на отпадна хартија, остварувањето на националните цели за рециклирање и во синџирот на циркуларната економија во земјата.

извор: МИА
Next Post

Јокиќ потврди - нема да игра за репрезентацијата на Србија

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk